ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: „Цветот на Сребреница“ на Пчиња кај Долно Коњаре е најдолгиот мост во земјата што поврзува два регионални патни правци

September 28, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Зоран Заев денеска беше на увид во завршната фаза на изградбата на мостот на Пчиња кај Долно Коњаре.

Придружуван од пратеникот во Собранието Зеќир Рамчиловиќ, премиерот Заев истакна дека увидот во последната фаза од изградбата на мостот на реката Пчиња којашто ги поврзува Долно и Средно Коњаре се совпаѓа со Меѓународниот ден на Бошњаците, кој припадниците на оваа заедница во нашата земја го прославуваат на 28 септември.

„На иницијатива на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, Владата донесе одлука со која мостот се именува „Цветот на Сребреница”, и врз основа на таа одлука се поставени и табли со називот на  мостот со што испраќаме порака на сеќавање и за осуда на секој геноцид за да не се заборави и да не се повтори“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на оваа заедница во нашата земја.

„Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава и нивниот придонес во изградбата и негувањето на нашето „Eдно општество за сите” е исклучително значаен“, нагласи во својата изјава премиерот Заев.

Новиот мост во Долно Коњаре е изграден целосно со средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Инвестицијата е вредна нешто повеќе од 60 милиони денари и со неговата должина од 133 метри е најдолгиот мост што поврзува регионални патишта во нашата земја.

Со широчина од 7,96 метри, со две коловозни ленти и со два тротоари, мостот ги исполнува сите стандарди за одвивање на сообраќајот и за движење на пешаците.

Во последната завршна фаза поставена е „еластична ограда”, банкина, по должината на мостот, а поставени се и светлечки сигнални обележувачи на оградата на мостот кое ќе биде довршено со канделабри со што целосно ќе биде завршен овој значаен инфраструктурен објект.

Next Post

Проект за јакнење на отпорноста на Ромите и нивно проактивно дејствување во кризни ситуации

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk