ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски од кумановско: Оливер Илиевски е најдобриот градоначалник кој ќе му служи на народот и одлучува заедно со него

September 29, 2021 20:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ, порачаа денеска потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски на средба со граѓаните на Романовце и Пчиња.

.- Како одговорна социјалдемократска партија ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот. Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Куманово е човек од доверба, искрен, чесен, домаќин. Близок до граѓаните, постојано на терен, лесно достапен, имаа слух за потребите и сугестиите на граѓаните, истакна Спасовски.
Потпретседателот на СДСМ потенцираше дел од проектите за кои е сигурен дека кандидатот Оливер Илиевски ќе ги реализира како што се изработка на проект и изградба на канализациона мрежа и реконструкција на училишниот двор, детско катче за Романовце, изградба на водоводна мрежа, дислокација на депонијата, асфалтирање на патот од мостот до Бислимска клисура, изработка на филтер станица за Пчиња.

Оливер Илиевски при посета на селото Пчиња разговараше со жителите за проблемите со кои се соочуваат.

-Ќе изработиме проект за дислокација на депонијата во близина на селото Пчиња, ќе продолжиме со реконструкција и асфалтирање на сите патишта кои се наоѓаат во село Пчиња. Тој додаде дека ќе биде изградена и канализација во село Пчиња која одамна требало да биде направена. Кандидатот за градоначалник посочи и дека ќе мора да се обезбеди и направи систем за наводнување на земјоделските површини, порача Илиевски.

Најави соработка со централната власт и дека ќе бара финасиски средства со цел селото Пчиња да стане модерна и еколошки урбана заедница.

извор: МИА
Next Post

Преглед на денот: Младите да ризикуваат да ги реализираат идеите и потенцијалот во нови бизниси, корупцијата не се исплати, ќе се гради најголемата пешачка зона во Европа

НАЈНОВО

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk