ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Пописот е успешен, за четири години реализирани над 7.000 проекти, иднината на Западен Балкан е во ЕУ

September 30, 2021 20:52
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Намалувањето на каматната стапка на кредитите продолжи и во август, преку мостот на АСНОМ за 70 % се крати времето за патување од Ново Лисиче до Mавровка, утре почнува аплицирањето за студентски стипендии

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА И ПОПИС

Сите земји членки на ЕУ ја прифатија оваа одлука и се согласија дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западен Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ.

Бројките од пописот детално ќе бидат соопштени вечерва од страна на Државниот завод за статистика. Јас сум задоволен што успеавме да ја реализираме оваа операција и покрај сите проблеми со кои се соочивме. Бројката на попишани граѓани е околу 1,9 милиони, вели  министерот за правда Бојан Маричиќ.

Министерот додаде дека минатата година првпат преговарале со Судско-буџетскиот совет со претставници од Министерството за финансии и добиени се средства за опремување и нови работни места во обвинителството и судот.

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата. 

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2% , а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години.

 

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври.

На покана на претседателот Рик Даемс, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска, ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција.

СДСМ ги има најдобрите проекти, најдобрата понуда што носи развој на општините и подобар живот за сите. СДСМ четири години го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина и тоа ќе продолжиме да го правиме и во наредните четири години.

Има поместување во ставовите, затоа што Бугарија се повеќе ја разбира неопходноста на нашите потреби, прашања и важни аспекти од разговорите преку кои не може да се помине. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се само наше најважно прашање, тие се и европска вредност, како што е бугарскиот идентитет и бугарскиот јазик европска вредност.

Мостот на бул. АСНОМ по реализацијата на завршните градежни работи за помалку од 30-тина дена ќе биде ставен на располагање на скопјани, а особено жителите на Аеродром, Центар и Гази Баба, најави во денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

ЕКОНОМИЈА

Во август годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,49 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните депозити во август изнесува 0,79 отсто.

 

ИЗБОРИ

Струмица стана европски град уште пред многу години покажувајќи им на сите како се работи најдобро. Струмица беше и моторот во битката со режимот и моторот во напредокот кон Еворпа. Треба да се признае на овој град за храброста и одважноста во придонесот за слободата.

Ветувањата на Арсовска од ден на ден стануваат се посмешни и понелогични.

„Од Расадник… до Драчево ќе се стигнува за не помалку ниту повеќе од 5 минути“, истакна независниот кандидат за градоначалник Арсовска на прес-конференција.

В.Д

 

 

 

Next Post

(ВИДЕО) ,,Кратки нозе'' во третата епизода разоткрива за бесплатниот јавен превоз на Арсовска, кој го изгласа „Скопје 2014“ и за куповната моќ

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk