ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Оптимизам за решение со Бугарија по изборите, Самитот ЕУ-Западен Балкан дополнителна мотивација

October 4, 2021 08:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот врв е оптимистичен дека по завршување на изборите во Бугарија и во нашата држава, постојат добри шанси за изнаоѓање на заедничко решение меѓу двете земји. Премиерот Зоран Заев смета дека само со разговор и дијалог може да се изнајдат решенија, а според претседателот Стево Пендаровски, тоа треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка. Претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан пак, се очекува да биде мотивација за затворање на отворените теми и отворање на ново поглавје на соработка.

Според премиерот Заев, по завршување на изборите кај нас и во Бугарија, постојат добри шанси за изнаоѓање на заедничко решение.

– Тие да не разберат нам, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас, потенцираше вчера Заев.

Слично размислување има и претседателот Стево Пендаровски, кој во вчерашното интервју за грчкиот весник „То Вима“ порача дека ќе продолжат да дејствуваат конструктивно во разговорите со официјална Софија.

Тој се надева дека по бугарските избори ќе ги продолжат разговорите со новоизбраниот претседател и со политичка Влада, односно со целосна власт што ќе има мнозинство во Парламентот.

Сепак, порача дека решението треба да биде усогласено со Договорот за пријателство и соработка.

-Решението на преговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик, порача Пендаровски.

За Договорот со Грција, пак, Пендаровски вели дека е одличен пример за решавање на билатералните проблеми меѓу две соседни земји. Сепак, како што посочува, истиот не беше лесен за двете земји, но, важноста и неговото позитивно влијание повеќе ќе се покажат во следните години.

-На Северна Македонија овој договор ѝ овозможи да стане 30-та членка на НАТО, реализирајќи еден од двата стратешки цели во евро- атлантската интеграција. Позитивно влијаеше врз нашата европска интеграција, со оглед на тоа што денес, Грција е еден од најсилните наши поддржувачи, рече претседателот.

Премиерот во Бугарија, Стефан Јанев пак, смета дека Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт со властите во Северна Македонија и да се бара решение во име на заедничката иднина, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.”

Деновиве тој информираше дека по крајот на октомври и ноември, кога има политички избори во Северна Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла.

За ова реагираше и премиерот Заев, кој вчера посочи дека изјавата на Јанев ја прифаќа како добра, позитивна порака затоа што, како што рече, навистина се движиме на позитивен пат.

Инаку, претстојниот Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат голем број претседатели, премиери, канцелари од сите земји членки на ЕУ, според премиерот Заев може да биде дополнителна мотивација меѓу Бугарија и Северна Македонија до крајот на годината да ги затворат отворените теми и да отворат едно ново поглавје на соработка.

Тој очекува на Самитот во Словенија генерално да се зборува за Западен Балкан, но посочува дека ова не е одлучувачки, туку политички самит посветен на земјите од Западен Балкан.

-Словенија ни е голем пријател, отсекогаш ни била. Премиерот Јанша се залага многу да го врати позитивниот сигнал за проширувањето кон Западен Балкан. Верувам дека со соодветни формулации на реченици, со конкретни гестови, со сериозни одлуки ќе се испрати таа порака на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и јасна. Пораките мора да бидат чисти и верувам дека тоа ќе се случи в среда, на 6 октомври, смета Заев./ МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk