На уникатниот цик -цак пат му се дадени многу епитети, како „Норвешка конструкција на векот“, „најдоброто патување во светот“ и „најдоброто место во светот за да се поправи скршеното срце“. “Culture trip“ ни кажува зошто…
Пат кој ги поврзува културата, сценографијата и историјата
„Атлантерхавсвиен“, познат како Патот на Атлантскиот Океан, или поедноставно Патот Атлантик, поминува низ архипелаг од мали острови и скери во округот Маре и Ромсдал. Долг 8,3 километри, помеѓу Кристијансунд и Буд, патот го поврзува островот Аверој со копното благодарение на креативната употреба на мостовите.
Отворен во 1989 година по многу битки со елементарни непогоди, поточно урагани, бесплатниот пат е официјално еден од норвешките најживописни патишта. Следејќи го, ќе имате шанса да го видите прекрасниот норвешки крајбрежен пејзаж во најдоброто светло, со мали парталави островчиња поврзани со коловозни патишта, живописни села како Керваг и Веванг, а меѓу нив и величественоста на Норвешкото Море.
Пат со многу признанија
Поради својата локација и импресивната конструкција, Атлантскиот пат освои неколку награди и доби многу признанија. Прво и основно, „Норвешката конструкција на векот“, доделена во 2005 година од НРК (национален радиодифузер) и градежната индустрија. Исто така, патот го добива признанието за „најдобро патување со велосипед во Норвешка“ неколку години подоцна. Во 2006 година, Гардијан го нарече Атлантскиот пат „најдоброто патување во светот“, рангирајќи го над атракциите како што се Хималаите. Во 2011 година, „Fifth Gear“ го нарече „најдоброто место во светот за тестирање автомобили“, претворајќи го Атлантскиот пат во жариште за снимање реклами за автомобили.
Каде да застанете и да уживате во погледите
Низ Атлантскиот пат, постојат одредени места за застанување каде што може да го паркирате автомобил или да пешачите пеш за да се восхитувате на глетката. На пример, патеката за гледање на островот Елдусија е направена од метални решетки изградени на купишта што лебдат над земјата, патека долга 150 метри која дава можност навистина да ја истражите областа.
подготви: Миткоска Марија