ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК прими нова пратка терминали за отпечатоци од прсти, почна полнењето со податоци од гласачите

October 4, 2021 14:44
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на неделата треба да пристигнат договорените 4000 терминали за отпечатоци од прсти што првпат ќе се користат на Локалните избори 2021 година на 17 октомври. Државната изборна комисија денеска прими уште повеќе од илјада од овие терминали, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој присуствуваше на примопредавањето.

– Со денешнава пратка очекуваме да пристигнат уште околу илјада уреди за биометриска идентификација на граѓаните и со тоа ќе ги имаме над половина од потребните уреди, а до крајот на неделата ќе пристигнат сите, уште две пратки на секои два дена. Во моментот во ДИК трае полнењето на смарт картичките кое треба да заврши денеска и попладне треба да почне полнењето на апаратите бидејќи имаме доволно време. Полнењето ќе заврши некаде до 11 октомври, рече Даштевски.

Едукацијата на избирачките одбори, како што кажа, се одвива добро, но ќе има уште еден циклус обуки за употребата на терминалите за што е подготвено упатство за работа со нив и изготвено видео.

-Ќе се поделат упатствата и стикови со видеото за тие во секое време да можат да го видат. Планираме само за електронскиот дел да направи уште по една обука за сите во распоред од 12 до 15, во зависност од тоа кој избирачки одбор кога е слободен, рече Даштевски, бидејќи овие уреди во земјата ќе се применуваат првпат.

На денот на изборите, ДИК бара да има околу двеста ИТ инжинери кои ќе им помагаат на луѓето што управуваат со опремата и компанијата која ги испорачува апаратите има исто така ангажирано 80 луѓе, кои исто така ќе им помагаат на ИТ тимот во ДИК и на избирачките одбори.

Заклучениот Избирачки список е веќе даден на печатење, а веќе се печатат и гласачките ливчиња. Даштевски најави дека членови на ДИК најверојатно утре ќе одат да проверат како се одвива нивното печатење.

– Можеби утре ќе одиме да провериме како се одвива печатењето на списоците и да ги провериме специмените на гласачките ливчиња, првите примероци. Но, сметам дека сега засега е се во ред и веќе 90 отсто од ливчињата се испечатени, што е добро. Останува до крајот на неделата да се допечати Избирачкиот список. Кога ќе се испечати ќе го потпишеме, најави Даштевски.

Избирачкиот список треба да биде потпишан најдоцна до 1 октомври.

Претседателот на ДИК смета дека Локалните избори ќе бидат добро гарантирани, но не може да гарантира како ќе се одвива техничкиот дел со примена на терминалите за идентификација бидејќи тоа се случува првпат и немало пилот примена.

– Може да кажеме дека некои работи предвреме ги завршуваме, дека сите дејствија, следите и сами по Роковникот, уредно и навреме се завршени. Дадени се инструкции на ОИК да им се олесни работата и сите наши обврски што сме требале ги завршивме. Сите упатства, правилници, одлуки, обрасци итн, така што тоа ветува дека добро ќе се одвиваат изборите. Во однос на овој техничкиов дел, повеќе пати сум изјавил, дека не можам ништо да кажам бидејќи е првпат, не сме имале пилот да согледаме кои би биле слабостите на тој систем и се надевам дека се ќе биде во ред, но ништо не можам да кажам, рече Даштевски.

На Локалните избори на 17 октомври ќе се применуваат истите мерки за превенција од Ковид -19 како на претходните избори. Гласањето ќе почне во 7 часот, а ќе заврши во 19:00.

извор: МИА

Next Post

Димитров: Ниту најдобрата фомулација на зборови нема да е доволна, ако нема конкретен и опиплив успех што поскоро

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk