ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пандорина кутија: Следи ги парите!

October 5, 2021 09:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Најновото каше од близу 12 милиони документи (под кодно име „Пандора“) што во неделата попладне координирано и на глобално ниво ги објави Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ICIJ), со седиште во Вашингтон, е продолжение на серијата слични објави кои започнаа со публикувањето на документите од аферата „Панама“ во 2016 година, а потоа и случајот „Парадајс“ од 2017 година.

Се работи за податоци кои говорат за компликувани финансиски трансакции и правни трикчиња со кои богатите луѓе избегнуваат даноци и ги кријат трагите на своето богатство регистрирајќи и пререгистрирајќи десетици фирми по разни „даночни раеви“ низ светот, за да го сокријат потеклото и големината на својот имот.

Самите тие операции, како и во овој случај, не се нелегални, но се индикативни за секој оној кој сака да го постави прашањето: „Добро, дозволено е да имаш и 10 фирми на Кајманските Острови, на Белизе или Панама – но, од каде ти се парите за трансакциите низ тие фирми?!“

Доколку ја прочитате методологијата на обработката на овие документи – како и во претходните случаи, и сега селекцијата, пребарувањето, структурирањето, поврзувањето и објавата на тие илјадници информации траеле повеќе од една година, со координиран ангажман на повеќе од 600 новинари на разни континенти, во дури 117 земји – станува јасно дека се работи за огромна техничка и аналитичка операција што бара капацитет од рангот на помоќни државни апарати. Затоа, не е случајно што во Конзорциумот на медиуми се вклучени и такви новински „гиганти“ како „Вашингтон пост“, „Ле Монд“, „Ел Паис“, „Гардијан“, Би-Би-Си или „Зидојче Цајтунг“ и австралискиот јавен телевизиски сервис.

Но, од каде доаѓаат и како се добиени самите податоци?

Конзорциумот што ги објави документите не го открива изворот на „протечените“ податоци. Но, доколку се проанализираат податоците од целиот тој монументален истражувачки напор, заклучокот сам се наметнува…

Јасно е дека зад целата операција стои логиката на борбата против корупцијата и организираниот криминал во светот. Листата на махинациите на „разоткриените“ богаташи ја предводат прононсирани политички автократи и нивни „бизнис-партнери“, како азербејџанското семејство на претседателот Алиев, цела дузина од „најтесниот круг“ соработници на Путин или претседателите на Конго, Кенија, Габон, Доминиканската Република, Еквадор, Чад, Брегот на Слоновата Коска… Никој не е особено изненаден што на списокот е и црногорскиот претседател Ѓукановиќ, министерот за финансии на Србија Синиша Мали или чешкиот премиер Андреј Бабиш. И уште мнозина други (и од Западна Европа) за чии сомнителни бизнис и политички малверзации и во самите нивни земји се напишани стотици стории и извештаи.

Очигледно, некому, негде, му „пукнал филмот“ што луѓе на моќни позиции ги загрозуваат и злоупотребуваат, за лично богатење (замислете!) домашните демократски, но и капиталистички системи – неолибералниот капитализам, за потсетување, „победи“ во целиот свет, како и да ги толкувате неговите регионални варијанти – поради што светската демократија, а и капитализмот, се „клатат“ како пијани морнари на отворено море.

Оти, демократско-капиталистичкиот „договор“ не беше таков: добро, ајде, по една јахта и по една вила на Азурната обала, па и по еден Пикасо обесен на ѕид или фудбалски тим во Премиер лигата; ама не и цели квартови низ Лондон и Женева и збирка на дијаманти како од времињата на Луј IV и Романови, добога! Тоа ги предизвика буржоаските револуции, по што следуваше воздигнувањето на капитализмот – нема сега да се враќаме назад со рушење на капитализмот на истиот начин како што го градевме!

Тој „некој, негде“, којшто првично дошол до податоците, веројатно размислува подолгорочно и стратегиски, по системот на „високи бранови“, со квалификувана агенда за тоа како треба да се одвиваат општествените процеси во светот.

Може ли да е случајно што седиштето на Меѓународниот конзорциум што ги објавува податоците е баш во Вашингтон?! Хммммм…

Што се однесува до македонските „политички“ милионери, еден квалификуван извор ми вели дека тие се „ситна риба“ во однос на овие досега објавени. Но, кога ќе дојдат на ред податоците од Монако и Сејшелите и ние ќе имаме причина за домашна забава.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk