ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Се знае причината за трагедијата во Тетово, Камиказа ќе прави саем во Петровац?

October 5, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
EPA-EFE/Georgi Licovski

EPA-EFE/Georgi Licovski

Share on FacebookShare on Twitter

Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, посочуваат од Јавното обвинителство. Ова е причината за трагедијата во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 луѓе. Дерала вели, „не влегувам во политика“. Камиказа ќе прави саем, ама каде?

ФРОНТ И РЕНДГЕН

(ВИДЕО) Дерала: Не, не, не влегувам во политика! Интервју на Зоран Иванов со Џабир Дерала во новиот серијал интервјуа на Цивил Медиа со насловот District. 

Пандорина кутија: Следи ги парите!… Самите тие операции, како и во овој случај, не се нелегални, но се индикативни за секој оној кој сака да го постави прашањето: „Добро, дозволено е да имаш и 10 фирми на Кајманските Острови, на Белизе или Панама – но, од каде ти се парите за трансакциите низ тие фирми?!“, пишува Сашо Орданоски.

Пандора документи. 

Antonio Rodríguez Garcia

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021, ВЕТУВАЊА И ГАФОВИ

(ВИДЕО) Гаф на Камиказа: Имало саем во било кој свет, и тој ќе прави, ама во Петровац, не во Петровец. Камиказа на трбинапраша „постои ли метропола во било кој свет, што нема саем?  А потоа додаде, „Ние ќе го направиме саемот на централно место, ќе биде на некои 20 километра од Скопје во ПетровАц!“.

Герасимовски: Нема да дозволиме да се злоупотреби ниту една педа државното земјиште. Тој рече дека кога Уставниот суд го укинал Мораториумот инвеститорот кај Холидеј Ин регуларно ја извадил дозволата и си платил комуналии за зградата чија катност е намалена тројно во однос на првичните планови за градба.

Шилегов за Денот на животните: Скопје е единствен град со јавно претпријатие за улични животни. По повод Светскиот ден на животните, вчера, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го посети паркот за миленици спроти Нова Македонија, каде поразговара за одговорно сопствеништво, чипирање и стерилизација на домашните миленици со сопствениците на кучиња кои беа во паркот.

СДСМ денеска во Петровец, Илинден, Аеродром и Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, Чаир и Центар. ДУИ изборната кампања ја продолжува во Теарце. Во Кавадарци и Велес изборни активности ќе има „Одлучно за промени” предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. БЕСА ќе биде во Студеничани.

ПОЛИТИКА, TECH FRONT

Откриена причината за пожарот во Тетово. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, посочуваат од Јавното обвинителство.

EPA-EFE/Georgi Licovski

„Кажи не!“: МВР со кампања за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет. Според Европол, за време на епидемијата, побарувачката за снимки од сексуална злоупотреба на деца се зголемила за 25 проценти во некои земји- членки на ЕУ.

Формиран Совет за дигитална трансформација на општествата од Западен Балкан. Бројот на членови на Советот нема да биде ограничен, а ќе функционира и по принципот на групи во форма на работни тела, специјализирани по области од доменот на дигиталната трансформација.

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски за ДВ: Нема причини за поскапување на струјата. Потребите за струја по регулирана цена за домаќинствата се обезбедени најмалку до Нова година, уверува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.

Mожно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје. Метеоролозите од среда најавуваат значително намалување на дневните температури со што се отвора можност да БЕГ да почне да ги загрева домовите во Скопје. Одлуката за тоа кога ќе почне греењето (во периодот пред 15 октомври) ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

СВЕТ

Афера „Пандорини документи“: Протекоа 11 милиони документи, откриени финансиски тајни на светската елита. Истрагата во која беа вклучени 600 новинари, врз основа на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги, откри повеќе од 29.000 офшор компании, врски меѓу офшор средства и 336 лидери и политички претставници кои формирале 1.000 компании.

За неколку часа, богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сакеларопулу – Пендаровски: Договорот од Преспа е клучен во односите меѓу Северна Македонија и Грција

НАЈНОВО

Сирија заплени 12 милиони таблети Каптагон, уапсен водачот на криминалната мрежа

October 21, 2025

Вајц: Прашања поврзани со идентитетот го блокираат македонскиот напредок на европскиот пат

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk