ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Лузната“ на Филипче останува на „лицето“ на Заев

Со таквото неприфаќање на понудените, „од морални причини“, политички оставки, тежината на „моралот“ во овој случај на нашата политика се сели од плеќите на Филипче и Хасани, врз грбот на Заев. Тој е свесен дека гази врз исклучително „тенок мраз“, бидејќи расправата за моралот не е расправа и за кривично-правната одговорност на хиерархијата во власта за ваков вид трагедии.

October 7, 2021 08:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Зоран Заев пресече: не ги прифаќа понудените оставки од министерот Филипче и неговиот заменик Хасани, бидејќи не лоцирал политичка и менаџерска одговорност кај нив за трагичниот пожар во Тетовската болница. Со тоа се согласи и вториот по големина партнер во власта, ДУИ, преку изјавите со слична содржина на Артан Груби.

Со таквото неприфаќање на понудените, „од морални причини“, политички оставки, тежината на „моралот“ во овој случај на нашата политика се сели од плеќите на Филипче и Хасани, врз грбот на Заев. Тој е свесен дека гази врз исклучително „тенок мраз“, бидејќи расправата за моралот не е расправа и за кривично-правната одговорност на хиерархијата во власта за ваков вид трагедии. Имено, сознанијата на македонскиот дел од истрагата, иако сѐ уште неофицијални (макар и соопштени од самиот премиер), е дека пожарот бил предизвикан од краток спој во каблите на апаратите во мобилната болница, а  (неофицијално) не се очекува дека и заклучоците од германската истражна форензика би укажале на нешто драматично поинакво.

Заев сега ја става општата јавност во Македонија – и надвор од партиската, навивачка, од сите профилации во власта и опозицијата – на деликатен тест: да се определи дали е морално, од „морални причини“, да се смени министер заради „виша сила“, односно трагична несреќа во ресорот; или е морално да се застане зад колегите во владата, најблиските соработници во остварување на најкомплицираните владини корона-политики во изминатите две години, кога веќе е констатирано дека немаат конкретна, правна одговорност? Бидејќи моралот секако ги вклучува и правните консеквенции од трагедијата, но е и многу повеќе од тоа.

Доаѓањето на Заев на власт во државата пред четири години имаше секакви, но и истакнати „морални“ причини. Неговото ветување, меѓу другото, беше и дека ќе го врати моралот во државата, откако тој сосема „испари“ низ практиките на владеењето на Никола Груевски и голем дел од неговите соработници кои се и сега едни од најсилните „морализатори“ во врвот на опозицијата. Тогаш беше очигледно неморално, но „математички“ единствено можно, власта да се преземе во коалиција со ДУИ, неморалниот претходен партнер на Груевски во таа власт колку и самиот тој.

Од друга страна, резултатот се „израмни“ неодамна, поради политичката прагма, далеку од високите морални политички стандарди, што го натера Зијадин Села, коалицирајќи со ВМРО-ДПМНЕ не само да не бара, туку и да не очекува извинување од Христијан Мицкоски за тоа што „неговите“ (Христијановите) поддржувачи го претепаа, речиси до смрт, во оној крвав обид за преврат во Собранието.

Таков е морално-политичкиот контекст во кој се одвива нашата политика. Политиката го победува моралот во секој партија. Политички покер.

Лично, мислам дека беше во ред што Заев ги причека резултатите од истрагата. Има денови кога треба да се искаже сочувство до семејствата на загинатите, а има и денови кога треба да се дозволи и политичка „интроспекција“ по еден таков трагичен настан.

А, потоа, Заев требаше да ги прифати оставките на двајцата први луѓе од Министерството за здравство – обајцата врвни експерти во своите медицински професии, со потврден капацитет и во политиката – за да го заштити нивниот морален углед и својот морален стандард во политиката. Тие одлуки не се лесни, но се неопходни за унапредување на политичката култура во Македонија.

Не се сомневам дека Заев политички ќе ја преживее и оваа своја одлука, бидејќи во јавноста тој одамна не се обидува „во излогот“ да продава нешто што го нема во „дуќанот“. Јасно е дека тој искрено верува дека е чесно да се застане зад кредибилитетот на овие свои колеги во Владата.

Но, оваа морална „лузна“ на неговото политичко „лице“ несомнено ќе го следи Заев многу подолго од политичката прагма со која се обидува успешно и „свртен кон иднината“ да владее.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post
Facebook

Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи кој потекнува од тетовско, прогласен за најдобар во светот

НАЈНОВО

Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk