ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Владата на прво, Собранието на трето место во регионот според Индекс на отвореност, ДКСК ги разгледува случаите на распишување тендери во изборна кампања

October 7, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Северна Македонија на прво, а Собранието на трето место во регионот според Индексот на отвореност. Со таквото неприфаќање на понудените, „од морални причини“, политички оставки, тежината на „моралот“ во овој случај на нашата политика се сели од плеќите на Филипче и Хасани, врз грбот на Заев, пишува Орданоски. Опозицијата не собра храброст да каже зошто Преспанскиот договор не е добар, вели Пендаровски. 

ФРОНТ И РЕНДГЕН

„Лузната“ на Филипче останува на „лицето“ на Заев. Со таквото неприфаќање на понудените, „од морални причини“, политички оставки, тежината на „моралот“ во овој случај на нашата политика се сели од плеќите на Филипче и Хасани, врз грбот на Заев. Тој е свесен дека гази врз исклучително „тенок мраз“, бидејќи расправата за моралот не е расправа и за кривично-правната одговорност на хиерархијата во власта за ваков вид трагедии, пишува колумнистот Сашо Орданоски.

Не им е лесно. Зошто избраните и именуваните лица на високи функции во државата не ги извршуваат работите за кои се поставени на соодветните позиции? Мислам дека е ова прашање кое треба одново и одново да си го поставуваме пред секои избори. За да се потсетиме, пишува проф. Мирјана Најчевска.

На автопатот Брегзит.

Ivailo Tsvetkov

ПОЛИТИКА И ПРАВДА

Владата на Северна Македонија на прво, а Собранието на трето место во регионот според Индексот на отвореност. Истражувањето со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Националната фондација за демократија, го спроведе Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на Граѓанската организација Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE).

Опозицијата не собра храброст да каже зошто Преспанскиот договор не е добар, вели Пендаровски во интервју за МИА.

Пендаровски: Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција влегуваат во еден нормален тек. Претседателот  открива дека Мицотакис, за билатералните односи коментирал дека се како „сѐ уште свежи рани“ во одредени сегменти на политичкиот спектар во Грција и вели дека од грчка страна немало никаков приговор за имплементацијата на Договорот од Преспа.

Ризаов: Компромис со Бугарија е корисен за двете страни.

Силна ЕУ поддршка за решавање на спорот – Заев за преговори без задирање во идентитетски прашања, Радев за гаранции пред тргање на ветото. Заев по завршувањето на Самитот истакна дека чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани и додаде дека за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија.

МИА

Во врска со изнесените информации во јавноста за најавите дека АД ЕСМ ќе објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола, а за продолжување на работењето на РЕК Осломеј, како и  распишувањето на тендер во тек на изборна кампања од страна на Град Скопје за изградба на градска куќа, односно нови административни простории на Град Скопје, Државната комисијата ќе постапи и ќе ги разгледа  двата случаи од аспект на корупција и судир на интереси.

Дувњак: Истрагата мора да заврши до крај, за да не ни се повторат нови трагедии. Се разбира дека никој не верува дека министерот Венко Филипче го вклучил штекерот или неговиот заменик од пазар го купил продолжниот кабел. Но, сѐ уште остануваат многу отворени прашања, вели новинарката Гордана Дувњак.

УНИЦЕФ, Британската амбасада во Скопје и македонската продукција на цртани филмови „Светот на Биби“ покренаа нова иницијатива за поддршка на родителите при развивање вештини за користење активности за социјален и емоционален развој на децата преку игра.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Шилегов: Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот. Мастерпланот кој содржи повеќе крупни сообраќајни решенија на неколку локации, а вчера го презентираше градоначалникот Петре Шилегов, од корен ќе го променат начинот и брзина на кој скопјани ќе патуваат низ главниот град.

СДСМ нуди реално остварливи проекти за локален економски развој, нови работни места и повисок животен стандард за сите. Во периодот 2021-2025 нашиот фокус ќе биде ефикасноста, грижата за потребите на граѓаните и силната определба да создадеме функционални општини способни да ги решаваат проблемите на граѓаните, велат од партијата.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025
CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk