Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, избрала „лоша“ локација за одржување на прес-конференција за да поентира за наводна нефункционалност на велосипедските патеки низ Скопје.
За време на денешната прес конференција каде еден од акцентите на пресот е, како што вели Арсовска: „Ова се тие велосипедски патеки, кои за жал се попречени. Велосипедистите не можат да ги користат…“, позади нејзиниот грб поминуваат 10 велосипедисти.
Колку велосипедисти поминаа зад Данела додека држеше прес за нефункционални патеки?, прашуваат од Сеир.
Ј. Ѓ.