ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИЗБОРЕН РАПОРТ #12 на ЦИВИЛ: Грчева ќе „дига на клоци“ и ќе апси, црна кампања со злоупотреба на трагедијата во Тетово, случај „Латас“, ЦИВИЛ со викенд обуки за набљудувачите

October 8, 2021 14:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Како и секогаш, гласачите ќе бидат на голема мака да донесат информиран избор на 17 октомври кога ќе можат да го искористат своето фундаментално право, правото на глас, на слободни, фер и демократски избори.

За жал, и овој изборен процес се претвори во беспоштедна и бескрупулозна борба за власт. Во мониторингот на изборната кампања се бележи дека дел од учесниците ги користат сите средства, и дозволени и недозволени, за да ја придобијат „љубовта“ на гласачите.

ОПШТ ВПЕЧАТОК: МИРНА КАМПАЊА, БЕЗ ИНЦИДЕНТИ, ЦИВИЛ СО ФОКУС НА НЕРЕГУЛАРНОСТИТЕ

Општиот впечаток е дека се водат два различни видови кампања, од кои едната се однесува на локалните агенди на кандидатките и кандидатите за функции во локалната власт, а втората е црна кампања во која преовладуваат говорот на омразата, навредите и дезинформациите за политичките конкуренти.

Општо земено, кампањата, сепак, е мирна и без поголеми инциденти. Во секој случај, мониторингот на ЦИВИЛ се фокусира на нерегуларностите, односно случаите кои отстапуваат од тоа што може се нарече нормален тек на изборниот процес.

ЦРНА КАМПАЊА: ДОМИНИРА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО, МЕТА СЕ ВИСОКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА СДСМ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ јавува за нови случаи на говор на омразата и црната пропаганда во изборен контекст. Доминира темата со трагедијата во Тетово која се користи за дискредитација на политичките противници. Се бележи организиран напад на социјалните мрежи од поддржувачи на опозициските партии кои упатуваат вулгарни навреди и закани под објавите со информации и содржини за партиските активности на СДСМ.

Констатацијата дека се работи за организирана хајка на социјалните мрежи се заснова на анализите на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој ги препознава профилите, динамиката и вокабуларот со кој се коментира истовремено на повеќе места на социјалните мрежи, а секако поддржани и мултиплицираат дел од медиумите во земјава.

И во текот на вчерашниот, 11-ти ден од изборната кампања (7 октомври), главна мета на црната кампања на социјалните мрежи и во дел од медиумите се високите претставници на СДСМ.

ГОВОР НА ОМРАЗА И ЗАКАНИ: ГРЧЕВА ЌЕ ДИГА НА КЛОЦИ И ЌЕ АПСИ

Мониторингот на ЦИВИЛ го бележи случајот на говор на омраза и закани со насилство на социјалната мрежа Твитер од поранешната пратеничка Солза Грчева која упати говор на омраза и закани со насилство кон министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Мила ќе казнува ако во книжарници има учебници. Да не се разбудив во државата на Орвел или во Наци Германија? Овие треба на клоци да се дигнат. Ми се гади, се срамам, ги презирам… и ќе ги апсам да даде Господ!“, напиша Грчева на Твитер.

Говор на омраза и закани со насилство од поранешната пратеничка Солза Грчева, 7 окт. 2021

Освен говор на омразата и закани со насилство, оваа објава на поранешната пратеничка Грчева содржи и дезинформација, односно манипулација со фактите во делот во кој тврди дека МОН „ќе казнува ако во книжарници има учебници“. Се работи за манипулација со претходна изјава на министерката Царовска за важноста на дигиталните учебници.

ГОВОР НА ОМРАЗА: СЛУЧАЈ ЛАТАС

Пристигна и анализата на нашиот соработник, аналитичарот Жарко Трајаноски, под наслов „Латас продолжува неказнето да поттикнува омраза кон „соросоидите“ објавена денеска на Цивилмедиа.мк.

„Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, бевме сведоци како ваквиот неказнет говор, кој поттикнуваше омраза кон „соросоидите“, предизвикуваше загрозување на сигурноста на бранителите на човековите права и на новинарите што беа стигматизирани како „соросоиди“. Дали државните институции повторно ќе молчат како порано и нема да го санкционираат говорот кој поттикнува омраза кон „соросоидите“ на Драган Павловиќ – Латас, кој е продолжение на деценискиот говор на омраза кон бранители на човекови права, новинари и медиуми кои се стигматизираа како „соросоид(н)и“?“ – пишува во заклучокот на анализата.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЦИВИЛ

ЦИВИЛ денеска поднесе документација за добивање акредитација за изборно набљудување од Државната изборна комисија. Организацијата ќе го набљудува изборниот ден со нешто повеќе од 300 мобилни набљудувачи.

Обуката за краткорочните набљудувачи на ЦИВИЛ ќе се одржи во текот на викендот (9 и 10 октомври) од 10 до 17 часот. Дополнителни термини за обука ќе бидат обезбедени во текот на претстојната недела.

Викенд изданијата на „Изборен рапорт“ (9 и 10 октомври) ќе бидат објавени во текстуален формат.

Џабир Дерала, во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Next Post

ОЈО поднесе обвинителен акт против Рашковски и уште шест лица

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk