Партизаните не носеле црни кошули, тие се бореле против „црнокошуљашите“ – паравоени формации на фашистите на Мусолини кои се изживувале врз сите неистомисленици, најмногу врз социјалистите, пишува Жарко Трајаноски на Фејсбук.
„Црнокошуљашите“ на Мусолини биле копирани и од Хитлер, и од многу други фашистички сојузници, како од британските фашисти предводени од Освалд Мозли (види слика).
„Црнокошуљашите“ се одговорни за голем број воени злосторства секаде каде што се бореле, и во Етиопија, и во Шпанската граѓанска војна, и во Втората светска војна.
Тие што одбрале црни кошули и маици како нивни симболи, немаат никаква врска ниту со антифашизмот, ниту со социјализмот – освен со варијантата позната како „национал социјализам“.