Предизборните кампањи се демократска екстраваганција во која секому му е дозволено да тропа што ќе му текне, пишува Орданоски во денешната колумна. Левица не се црнокошулаши, туку црноподнокташи, коментира Тричкоски. За Европската Комисија бугарските пасоши за македонски граѓани не се проблем.
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Во „новата иднина“ со најстарите закани. Предизборните кампањи се демократска екстраваганција во која секому му е дозволено да тропа што ќе му текне. Особено се трогателни оние што ги изгубија претходните избори (а и уште неколку пред нив), бидејќи „новата иднина“ (?!) што масовно се ветува по предизборните митинзи многу наликува на „дрвеното железо“ од „старото минато“ што предобро го памтиме, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Неполна недела до изборите, кандидатите во трка да ги освојат гласовите на граѓаните. оалицијата предводена од СДСМ ќе одржи Кратово, Ранковце и Крива Паланка, додека коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Скопје. Во Скопје митинг ќе одржи и „Левица“, а коалицијата ДОМ и ЛДП ќе се претстават во Ѓорче Петров. Предизборната програма во Желино ќе ја претстави „Беса“.
Заев: Никогаш повеќе маскиран фашизам во режим. Нашето место е во Европа бидејќи европската идеја е најпрогресивната политичка идеја, посочи премиерот Зоран Заев. Тој рече дека реализацијата на ова мисија има ризици, пречките не се само однадвор туку и од внатре.
Шилегов од Карпош: Скопје стана град на сите и секој човек за мене е над политиката. Мостот кај „Љубљанска“ е еден од двата моста кои ќе го растеретат сообраќајот. Едниот во Аеродром е при крај и со овој мост ќе стасаме до Бардовци во првата фаза, а потоа и до Визбегово, заклучи Шилегов.