ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Арсовска со нереалните ветувања наликува на Груевски кој вети 8 милијарди евра инвестиции, а го донесе туристот Субрата Рој

October 12, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со своите нереални ветувања, Данела Арсовска почнува да наликува на Никола Груевски кога предизборно ветуваше 8 милијарди евра инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој, велат од СДСМ.

„Ветувањата на Арсовска за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси, мега-парковите, а сега и иновативен парк, наликуваат на ветувањата на Субрата Рој дека ќе донесе 20.000 крави во Џумајлија, дека ќе направи „Лас Вегас“ во Љубаништа и дека ќе донира милионски споменик на „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од сето тоа не видовме ништо, освен еден кич „мировен фестивал“ на кој Никола Груевски и Субрата Рој го промовираа барокното „Скопје 2014“. Скопјани многу добро ги знаат иновации на ВМРО-ДПМНЕ: пиратските галии, жалните врби и прскалките во Вардар, палмите, градските плажи на Коце и стотиците милиони евра инвестирани во бетонски парк од споменици, кој Арсовска вети дека редовно ќе го одржувала.

Наместо да ја замајува јавноста со нови имагинарни паркови, Арсовска и должи одговор на јавноста колку чини еден кинески електричен автобус како тој што го објави на нејзината страница. Дали Арсовска упорно избегнува да одговори затоа што електричниот автобус од 18 метри чини околу 800 илјади евра, а 250 такви автобуси околу 200 милиони евра? Зошто Арсовска продолжува да ја манипулира јавноста дека толку пари за прескапи кинески автобуси може да се обезбедат ВЕДНАШ од европски фондови?

Наместо да даде одговори на новинарски прашања за тоа колку ќе ги чинат скопјани нејзините „проекти“, Арсовска со манирите на Мартин Протуѓер и Илија Димовски секојдневно им држи лекции на новинари што да прашуваат и кои теми да ги работат.

Скопјани веќе не наседнуваат на нереални ветувања, утописки проекти и не сакаат враќање во мрачното тоталитарно минато кога политичарите од ВМРО-ДПМНЕ не одговараа пред јавноста и бегаа од дебати.

Арсовска ќе биде казнета на 17 октомври од скопјани поради потценување на нивната интелигенција, бегањето од дебати и избегнувањето да даде одговор за лесните ветувања, такви какви што ги даваше Субрата Рој“, пишува во соопштението на партијата.

Next Post

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk