ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Со субвенциите што ги нудиме покриена е и најниската откупна цена на оризовата арпа

October 12, 2021 15:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оризопроизводителите добиваат субвенции од пет денари по килограм, што значи дека и најниската цена е покриена, а дополнително, како Влада, дадовме и три денари по килограм за оризовата арпа, со конечна цел да може да се надомести производниот трошок и да остане и за оризопроизводителите, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

– Бевме подготвени овие средства да им ги дадеме на откупувачите за да ја подигнат цената на 25 денари за килограм, но тие не се согласија. Оризопроизводителите ги знаат сите чекори што сме ги презеле, бидејќи трите денари се директен државен интервенционизам што го практикуваме четири години по ред, но убеден сум дека денеска заради политички причини има блокирање на патиштата. Апелирам за разумност. Изборите се една работа, а граѓаните и Владата се друга работа. Соработката продолжува и секој пат сме тука да помогнеме, рече Заев во одговор на новинарско прашање  на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови“.

Според него, оризарите никогаш не добиле поголема поддршка од сега и затоа, како што вели, се препознава кога се организираат партиски протести под превезот на земјоделци.

– Белиот ориз е веќе продаден, а протестите се за оризовата арпа. Се работи за понуда и побарувачка помеѓу трговците и оризопроизводителите. Од целото производство од 22 илјади тони оризова арпа, само 10 до 15 отсто отпаѓа на комбинатите, а другото е на индивидуалните производители. Заради тоа што комбинатите се организирани, а индивидуалните производители не, секогаш има нестабилност на цената. Производната цена на оризовата арпа е околу 20 денари по килограм, а се откупува помеѓу 17 и 25 денари, што значи дека и најниската цена е покриена, прецизира Заев.

Владата, нагласи тој, во овие четири години од 12.000 денари ги подигна субвенциите на 18.000 денари и на 30.000 денари по хектар или пет денари по килограм произведен ориз, а при тоа го изедначи и за оние оризопроизводители без сертифициран семенски материјал. Дополнително донесена е и одлука за помош со три денари по килограм за оризовата арпа.

– Денешните протести на оризопроизводителите во Кочанско се организирани од претседателите на месните партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев и ги повика медиумите да ги снимат лицата на протестите и сами да се уверат во тоа.

Next Post

Шекеринска во посета на домашната компанија „Везе Шари“ со искуство на НАТО пазарот

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk