ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Во континуитет ги зголемуваме платите на здравствените работници

Филипче рече дека зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, а некои типови на дежурства се зголемени два, односно три пати.

December 25, 2019 10:28
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека за две години направени се рекордни покачувања на платите во јавното здравство. Од септември 2018 година во континуитет почнаа да се зголемуваат платите на здравствените работници, велат од Министерството. Нагласуваат дека вкупно, со предвиденото зголемување на платите во февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист се зголемува за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, на општите лекари за 25 и на здравствените соработници за 15 проценти.

„Имавме повеќе средби со администрацијата и со помошно-техничкиот персонал. Не можеме администрацијата да ја одделиме од останатата администрација во другите сектори во другите ресори. Во повеќето наврати во кои се сретнавме укажавме на тоа дека и покрај тоа што сакаме да пробаме заедно со Министерството за информатичко општество и администрација да направиме доколку може законски измени за таа администрација да се иземе од останатата, па да имаме простор во иднина тоа да го направиме. Сега зависиме и од средствата кои треба да се имаат предвид за зголемување на плати и за останатата администрација“, потенцираше министерот Филипче.

Филипче рече дека зголемени се коефициентите за исплата на дежурства и ноќен труд на медицинскиот кадар, а некои типови на дежурства се зголемени два, односно три пати.

За првпат, додаваат од Министерството,  приватните специјализанти се платени за својата работа во висина од просечна плата на општ лекар. Приватните специјализанти доктори на медицина од конкурсот во 2019 ќе бидат платени за работата од месец февруари 2020 година, со што се изедначуваат со статусот на нивните колеги кои за првпат добија надоместок за својата работа во 2018 година.

Next Post

(Видео) Воен авион падна во вулкан

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk