Коалиција Маргина продолжуваат со традиционалното објавување на новогодишен календари. И овој пат акцентот на илустрациите е на феминистичката уметност и маргинализираните заедници.
Календарот 2020 на Коалиција Маргина е колекција на репродукции на сериозни и квалитетни уметнички содржини, со цел да ја вметнеме културно-уметничката продукција и пракса како еднакво важно и моќно средство за политичка борба, отпор, и општествена трансформација. Изработката ма илустрациите е на домашни уметници: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Зорица Зафировска, Јана Јакимовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Самир Љума.
Календарот е достапен за преземање од тука.
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ се залага за заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, односно за остварување на еднаков пристап до здравствени, социјални и правни услуги и вклучување во сите процесите на опшественото живеење преку обезбедување на средина која е поддржувачка за сите луѓе и во која се почитуваат еднаквоста, слободата и различностите, и преку активно учество на припадниците на маргинализираните заедници во борбата за остварување на сопствените права и слобода.
Ј. Ѓорѓиоски