ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Целосно вакцинирани на настани на затворено, шансите за тргање на бугарската блокада ќе се зголемат по изборите во двете земји

October 14, 2021 11:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Нема особени причини да не веруваме дека сите 24-25 пријавени бугарски претседателски кандидати веројатно се согласуваат во една единствена работа: Македонците не постојат, немаат нација, немаат свој јазик и не треба да се пуштат во ЕУ, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски. Шансите за тргање на бугарската блокада ќе се зголемат по изборите во двете земји

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Во недела историјата, сепак, ќе ни чукне на врата. Нема особени причини да не веруваме дека сите 24-25 пријавени бугарски претседателски кандидати веројатно се согласуваат во една единствена работа: Македонците не постојат, немаат нација, немаат свој јазик и не треба да се пуштат во ЕУ додека не ја сменат „историјата“ и однесувањето коешто го тврди спротивното, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Чамец за спасување.

Oleksiy Kustovsky

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Даштевски: Сите изборни комисии денеска ќе го добијат доверливиот гласачки материјал. Во битолската печатница „Киро Дандаро“ отпечатени се околу 4,5 милиони ливчиња и материјал што го придружува избирачкиот материјал за реализација на изборите, истакна Драги Милошевски, генерален менаџер на печатницата.

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ со поддршка за Шилегов. Драг колега Петре, ти посакувам сè најдобро на овие избори. Градоначалничката работа не е лесна, но ако ја работиш посветено и со љубов, како што ти знаеш, тогаш успехот е неизбежен“, вели во пораката Јанковиќ.

Димитриевски: Од Куманово секогаш тргнувале големите промени, на 17-ти октомври ја носиме победата. Ние сме концепт на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните. За мое, за твое и За Наше Куманово!“, рече Димитриевски.

Герасимовски: Со подземни паркинзи го решаваме проблемот со паркирање на зградите близу Влада. Затоа во тек е процедура преку која се планира четирите згради да добијат спрат и поткровје со подземни паркинзи во постоечките згради. Така навистина би се намалил сообраќајниот метеж и би се решил проблемот на граѓаните“, изјави Герасимовски.

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА 

Заев: Шансите за тргање на бугарската блокада ќе се зголемат по изборите во двете земји. Верувам дека постои решение и имам искуство во изнаоѓање многу решенија во изминатите четири години. Лично верувам дека до крајот на оваа година е можно решение, изјави Заев.

Пендаровски се сретна со претставници на македонски друштва во Малме. Изразувајќи задоволство од долгогодишното успешно дејствување на нашата заедница во Шведска, претседателот Пендаровски истакна дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во нашата држава.

Публика со две дози вакцина на настани во затворен простор, скринингот на учениците од идната недела.   Состојбата со вирусот постојано се следи и од тоа како ќе се развива ќе се преземаат и мерките. Се воведува услов посетителите на културни настани во затворени објекти да бидат вакцинирани со две дози, а исполнетоста на салите да биде 50 наместо како досега 30 отсто од капацитетот.

Ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата. Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина.

СВЕТ

За петкратното убиство во Норвешка е осомничен 37-годишен Данец. Осомничениот со лак и стрела нападна на неколку локации во  Конгсберг, град со околу 28 илјади жители што се наоѓа на 68 километри југозападно од Осло.
На 101-годишна возраст почина „најсреќниот човек на Земјата“. Приказната за самопрогласениот „најсреќен човек на Земјата“ останува култна, како едно од најпродаваните видеа од Австралија. Во него, тој раскажува приказни од неговиот живот како доброволец во Еврејскиот музеј во Сиднеј, што самиот го создал и, за позитивната енергија како најделотворна движечка сила во животот.
И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk