ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Со реконструкција на Универзална, влегуваме во нова ера на македонската културна сцена

October 14, 2021 13:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денес изврши увид во градежните работи на реконструкцијата на објектот на Универзална сала каде што одржа прес-конференција за медиумите.

– Универзална сала e омилената културна институција на многу скопјани, исполнета со многу концерти, со многу емоции, со многу љубов, многу радост. За многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, местото каде што на „Златно славејче“ се роди „Градот убав“ песната која низ годините стана неофицијална химна на нашето сакано Скопје. За мене тоа е главниот мотив за повторно отворање на нејзините врати за посетителите, за нашите скопјани, но и не само за нив туку и за целата земја, за регионот, за Европа и светот, со овие зборови градоначалникот Шилегов ја започна денешната прес-конференција.

– Реконструкцијата на објектот на Универзална е во тек и веќе од следната година ќе се исправи пред нас во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. Проектот за реконструкцијата на Универзална сала е изработен од архитектот Бујар Муча, а идејата Универзална да ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација, после отворената и опсежна дебата доби широка поддршка од јавноста., порача Шилегов.

– Владата на СДСМ и коалицијата одвои 120 милиони денари средства од Буџетот на РСМ за реализацијата на овој проект кој е од огромно значење за скопската и македонската култура и традиција, заради што уште еднаш упатувам искрена благодарност. За реконструкцијата на Универзална сала постоеја неколку проекти изработени по налог на претходните градоначалници кои беа прескапи и не ги задоволуваа потребните просторни капацитети. Реконструкцијата на Универзална сала по проект со постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект, нагласи Шилегов.

– Град Скопје игра сериозна улога во развојот на културата во нашиот град. Со конкретните чекори кои ги преземаме стануваме светол пример во регионот и пошироко. Универзална повторно ќе биде дом на скопската радост, а нашата поинаква приказна во културата останува и понатаму инспирација за создавање на нова уметност на задоволство на сите генерации. Универзална секогаш била во редот на најдоброто од Скопје, го имате мојот збор, Универзална ќе остане најдоброто за сите сегашни и идни генерации, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Next Post

Битиќи: Создаваме поволна и предвидлива бизнис клима, Северна Македонија и регионот се одлична дестинација за инвестирање

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk