ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Арсовска безобразна и дрска кон новинарите, одговорниот за циркузот на Могила лично им ја плаќа кампањата на социјалните мрежи на Левица, земјава е одлична дестинација за инвестиција

October 14, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Левица преку Иван Јовановски, одговорниот за циркузот на Могилата на непобедените во Прилеп истура огромни пари на фејсбук кампањи. Нервозата за неизвесноста на изборите Арсовска ја истура на новинарите и е крајно безобразна. Северна Македонија е одлична дестинација за инвестирање. Град Скопје солидарен спрема семејствата на загинатите во пожарот во Тетово.

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Денес во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се одржа состанок помеѓу претседателот Неби Хоџа и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а на состанокот присуствуваше и градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски. На средбата се зборуваше за поддршката на локалната самоуправа за бизнис секторот и подобрувањето на локалниот економски развој.

Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ.

Создаваме поволна и предвидлива бизнис клима, Северна Македонија и регионот се одлична дестинација за инвестирање, истакна Битиќи на панелот „Трасирање на патот за раст и развој во пост-ковид периодот“, кој се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан, во организација на светски реномираниот магазин „Економист“, кој денес се одржува во Скопје.

Иван Јованоски, лицето кое беше предводник на групата која го направи циркуз при одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп, според јавните податоци на фејсбук е главниот канал за финасирање на кампањата на Левица за локланите избори на социјалните медиуми. Иван Јованоски е потпишан дека лично го плаќа спонзорирањето на околу 120 реклами кои се објавени на оваа платформа, на 20тина различни фејсбук страни.

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, добива новинарско прашање: „Дали ја имате менаџирано спортската сала Расадник?“ Одговор нема, има безобразлук: „Јас зарем пред вас медиумите ќе се докажувам?“

Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во Европската унија и сета наша работа е во насока на поддршка на тој процес, изјави амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, зборувајќи на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“, на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје.

Суштината на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија нема ништо со процесот на евроинтеграција. ЕУ е систем кој што прифаќа разновидност и мултиперспективност. Нема ништо со исполнување на политичките и економските критериуми од Копенхаген. Се бави со прашања коишто се целосно внатрешни, прашања на земјата како јазикот е право што произлегува од правото на самоопределување на земјата, истакна Османи.

ESPRESSO

„Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на медиумите, говорниците, на плоштадите, тоа се луѓето кои живеат мирен живот, тоа е огромното мнозинство кое тихува, работи, ја чува оваа земја, тие ја сакаат Македонија со своите срца.“Читам и не ми се верува каква „порака“ одбрал да спонзорира на Фејсбук, Христијан Мицкоски, пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.

ПАНДЕМИЈА

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид 19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје.

РЕГИОН И СВЕТ

Во врска со институционалната стабилност и владеењето на правото не може да има стабилност на криминалот. Се бориме со корупцијата и организираниот криминал кој што е патем, мултуетнички. Српските и албанските криминалци многу добро соработуваат. Ние ќе се бориме против тоа по секоја цена, ова го изјави премиерот на Косово, Албин Курти.

Аргентинската Влада денеска соопшти дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата да ги замрзнат цените на повеќе од илјада прехранбени производи и производи за домаќинство во следните  90 дена, со цел да се спречи инфлацијата.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

May 14, 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 29 луѓе

May 14, 2025

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во морскиот дел кај грчките острови Касос и Родос

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk