ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цековска: Поразителен е четири годишниот молк на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ

October 15, 2021 11:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Покрај градоначалникот, вториот од двата органи на Општината, е Советот. Основната задача на членовите на општинскиот Совет, е да ги застапуваат интересите на граѓаните, да предлагаат решенија за нивните проблеми и да носат одлуки со кои ќе ги подобрат условите за живеење како во урбаните, така и во руралните средини, ние како советничка група од мнозинството во совет заедно во координација со  градоначалникот тоа го правевме во континуитет.“, на прес конференција истакна Јулијана Цековска, кандидатка за советничка од листата на СДСМ и Коалицијата.

Таа вели – она кое што може да се констатира, е дека во изминатите 4 години ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери беа се, само не конструктивна опозиција.

„Отсуство на конструктивна расправа, опструкција при носењето на важни одлуки, кавгаџиски тонови наместо суштинска дебата. Сето тоа, вклучително и предвременото напуштање на седниците на дел одсоветниците од опозицијата откако ќе го ставеа потписот за присуство, беше главната одлика на однесувањето на опозициските советници во Советот на општина Прилеп.

Еден од оние кој целосно се вклопи во сивилото и не даде ама баш никаков придонес во четиригодишното функционирање на општинскиот Совет, беше и актуелниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески.

Поразителен беше молкот на Г динот Јовчески во изминатиот 4 годишен период и отсуството за дебата во функција на носење на квалитетни одлуки во интерес на граганите на Прилеп од страна на Советот на Општината.

Тоа јасно и недвосмислено укажува дека одлуките кои ги носеше Советот а беа од интерес на Граѓаните од Општина Прилеп  Г динот Јовчески преку молкот ги поддржувал.

Ако се има во предвид однесувањето и пристапот кон седниците на Совет на кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, тогаш никого не треба да го изненадува неговото бегање од телевизиските соочувања со останатите кандидати за Градоначалник на Општина Прилеп.

Едноставно, непознавањето на надлежностите на локалната самоуправа и инфериорноста во однос на останатите кандидати, се причините за бегањето на Јовчески од сите дебати на националните медиуми.

Верувам дека изборот за градоначалник никогаш не бил полесен отколку на овие избори. Како почитуван граѓанин на нашиот град и пошироката заедница, како политичар кој успешно извршувал исклучително важни функции во извршната и законодавната власт, Горан Сугарески е единствениот логичен избор за градоначалник на Општина Прилеп.

Горан Сугарески и кандидатската листа за советници на СДСМ и Коалицијата, се најдоброто за нашата општина.“, потенцира Цветкоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Врнежите добредојдени за земјоделството, од идната недела оптимални услови за дособирање на родот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk