Најдоброто победува пред ВМРО – ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и секако во Градот Скопје, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
– СДСМ победува во Карпош, Крушево, Делчево, Богданци, Берово, Пехчево, Маврово-Ростуше Лозово,Конеч, Куманово…и се разбира Скопје. Таму каде што води ВМРО – ДПМНЕ и влегува како прв видете ја структура на гласовите и ќе видите дека коалционите парнтери на СДСМ ги имаат гласовите.
Пред нас е серизона борба, влегуваме во втор круг во 36 општини и во градот Скопје. Главата горе, на крајот СДСМ и коалцијата ќе имаат градоначалници во повеќе оптшини во споредба со ВМРО – ДПМНЕ, рече Заев на прес конференција и ги повика сите оние кои не излегле на гласање во првиот круг, тоа да го сторат во вториот круг.
– Поддршката што ја добивме во првиот круг е сериозна и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Впрочем и затоа Мицкоски бараше градоначалници во првиот круг, бидејќи знае дека ситуацијата ќе се смени во вториот круг. Јасна е пораката на народот и таму каде што победивме и таму каде што не победивме – народот сака резултати и тоа е можно само со коалиција која оди напред. Борбата продолжува, бидејќи злото се заканува – изјави Заев.