ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Инерцијата е опасна работа, кога кочниците откажуваат послушност

October 19, 2021 09:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Цел ден по изборите, па и со невообичаената спорост во објавувањето на официјалните податоци од страна на ДИК, вечерните, неделни постизборни трендови на локалните избори главно се потврдуваат. ВМРО-ДПМНЕ оствари значајна предност во првиот изборен круг, со веќе избрани 22 градоначалници – наспроти 9-те победници од кандидатите на СДСМ – со уверлив резултат и на нивната „независна“ кандидатка во Град Скопје, откако веќе победија во повеќето градски скопски општини.

Кај албанското гласачко тело првичен впечаток е дека Алијансата на Албанците не ги оствари „поднадуените“ предизборни амбиции, ДУИ во рамките на своите стандардно добри изборни постигнувања (со тројца веќе избрани градоначалници, иако во неколку општини, на чело со Тетово, крајниот резултат е сѐ уште „отворен“), а и БЕСА од постигнатото не мора да биде незадоволна.

Левица барем двојно ги натфрли сите прогнози од предизборните анкети, а шаренилото од независни кандидати кои освоиле места по општинските совети е прерано политички прецизно да се артикулира, но влијанието на непартиските гласови како нов феномен во македонската политика е веќе етаблирана работа.

Главното прашање, се разбира, е околу причините за значителното потфрлање на СДСМ во првиот изборен круг, бидејќи се испостави дека „на Мицкоски – сепак – може да му се верува“… Ребрендирањето на лидерот на опозицијата од конфликтна, во помирителна политичка фигура е со поголема брзина од онаа на забрзувањето на електричните автомобили на Илон Маск.

СДСМ „ја прими“ – и сѐ уште „ја прима“ – пораката од гласачите. Факт е дека Македонија на овие локални избори за првпат гласачки „рефлектира“ на двете полни, исцрпувачки години „општествен“ ковид; и дека, по ланските парламентарни избори, ова е првиот суштински гласачки „осврт“ врз политиката на власта во македонско-бугарските евро-перипетии…

Но, тоа сепак ќе да е помалиот спектар на причини за изборното локално потфрлање. Суштината мора да е во (ре)изборот на градоначалничките кандидати на листите, нивните ефекти од минатото четиригодишно владеење по општините (откако многумина од нив политички „преживеаја“ неколку громогласно промовирани и никогаш спроведени кадровски „метли“ во матичната партија), но и во општиот впечаток на пошироката, непартиска јавност, за она што се ветуваше по падот на Груевски, а не се исполни. Тоа оди на контото и на општинските, но уште повеќе на централната власт на СДСМ.

На пример, „лекцијата“ од Куманово СДСМ не успеа да ја превенира, иако ВМРО-ДПМНЕ си ја „голтна“ суетата во Кавадарци за да ја „посвои“ најубедливата победа во првиот изборен круг – а, во Куманово таква опција му се „насмевнуваше“ и на СДСМ, иако Јанчев не беше помала „главоболка“ за Мицкоски, од Максо за Заев (и соработниците). За „преспивањето“ на одлуката на ЛДП и ДОМ самостојно да настапат на изборите, во СДСМ некој би можел и докторска дисертација да напише на тема „Како да си пукнеме во колено, а да мислиме дека нема да нѐ боли“ – и да добие Нобелова награда за политичко изборно промашување.

Во десетината преостанати денови пред вториот круг „калибрацијата“ на изборните коалиции во СДСМ ќе мора да ја направат со добитна прецизност што многу ќе ги натфрли општите фрази за автоматското собирање на гласовите што се „раздадоа“ по нивните коалициони партнери и на контата на разни независни кандидатури, што со право им го разубави изборниот ден на многу гласачи. Може само да се замисли комплексноста на разговорите што им претстојат на раководствата на СДСМ, БЕСА и ДУИ, а во однос на исходот на изборите во Тетово и Скопје – просто кажано, без победа на Шилегов, СДСМ може да си ја окачи својата локална „капа“ на шилец во партиската визба, на радост на новото мнозинство гласачи во главниот град.

Тие комбинаторики се многу потешки отколку што изгледа „кабинетската математика“, бидејќи и нивните опоненти ќе ги вложат истите напори, а веќе во своја полза ја имаат гласачката „инерција“ од успехот во првиот круг. Гласачките трендови на секои избори отсекогаш претпочитале победници, наспроти давање доверба на претпоставени губитници, па дури и кога се работи само за генерален впечаток во јавноста.

Оптимизмот на Заев ги допре границите на својата мобилизирачка моќ и нејзината „додадена вредност“ повеќе не ја носи победничката предност со која ги надополнуваше сите недостатоци во своите политики. И никогаш доволно сериозно – му порачаа гласачите – не се осврнуваше на нив.

Но, овие локални избори завршуваат за две недели. Потоа, дури и без разлика на финалните резултати, СДСМ го очекува темелна редефиницијата на начинот на кој ја спроведува политиката во земјава во сите нејзини битни аспекти, од кадровските и содржинските, до идеолошките и начинот на кој ги комуницира со јавноста. Во спротивно, неповолните трендови ќе им продолжат и до следните парламентарни избори, независно од тоа кога ќе се одржат. А ќе бидат и побрзо отколку што можеби се надеваат.

 


Преземено од Цивил медиа. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post
Јане Ѓорѓиоски

Тибам хибридниот режим

Shortcut

Најново

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk