Голем број кандидати за градоначалници беа збришани од поголемите партии, оставајќи ги далеку зад себе на листите со освоени само десетици гласови, со што за нив изборната трка започна пред и да почне, пишува Дојче веле.
Да си ја пробаат среќата
Бројни независни кандидати и помали партии на последните локални избори во Северна Македонија се обидоа да обезбедат свое место под „сонцето“, но не успеаја да се пробијат на политичката сцена. Повеќе од нив буквално беа збришани од поголемите партии, оставајќи ги далеку зад себе на листите со освоени само десетици гласови, со што за нив изборната трка започна пред и да почне.
Неколкумина кандидати за градоначалници водат рекорди – но не по успешност, туку по најмал број на освоени гласови на последните локални избори.
Неколкумина од нив водат рекорди – но не по успешност, туку по најмал број на освоени гласови на последните локални избори. Зад дел од нив стојат партии, а дел се кандидираа како независни во обид да влезат во локалната власт. Заедничко за сите нив е што имаат освоено, верувале или не, помалку од стотина гласови.
Кои се тие?
За кандидатот на ДПА, Петрит Клења во Дебар гласаа 37 избирачи, наспроти најуспешниот на листата Беким Поцеста од АА/А кој освои 3 998 гласови. Зоран Веселиновиќ од ПОДЕМ во Дојран доби 51 глас, а Изет Зејнеловиќ од Демократи во Долнени освои само 68 гласови.
И на листата во Кривогаштани се најде кандидат кој има под стотина гласа. Станува збор за Гоце Чируноски од ПОДЕМ, за кој гласале само 60 лица, додека за Игор Граороски од МЕТ/МНА му дале поддршка 106 гласачи.
Во Лозово, кандидатот на ПОДЕМ, Велин Николов има освоено 37 гласови, додека Јовица Анакиевски од ТМРО – 50.
Во Ранковце Михајло Ристовиќ од Интегра освои 45 гласа или 2 % од гласовите во општината. Во Ресен со најслаб резултат на локалните избори е Ресен, Гордана Поповска од МЕТ/МНА – за која гласале 45 сограѓани.
Речиси двојно повеќе гласови освои Сарај Илјир Кроси од ДПА во Сарај – за него гласале 87 избирачи. Во Центар Ацо Стојановски од Демократи доби 74 гласови, а во Струга Лубе Петровски од истата партија освои 174 гласови или 0,68% од гласовите во општината со која раководи Рамиз Мерко.
Бројни независни кандидати и помали партии на последните локални избори во Северна Македонија се обидоа да обезбедат свое место под „сонцето“, но не успеаја.
И познатиот хармоникаш, Горан Алачки одлучи да влезе во трката за избор на градоначалник на Берово. Него го кандидираше Интегра-Македонска конзервативна партија за Општина Берово, но на неделните избори тој освои само 145 гласа и за нијанса беше подобар од противкандидатот Горанчо Крстевски, за кој гласале 93 жители на Беровско.
Овие избори не беа успешни ниту за Ристо Џаков од Богданци кој освои 86 гласа, како и за Димче Петровски од Демократи за кого својот глас го дале 78 избирачи.
Во Гази Баба, само за споредба, ако за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски гласале 17 910 луѓе, неговите противкандидати Ѓорѓи Тодоров од Интегра и Катерина Јовановска Ивановска од ТМРО освоиле по 544 и 574 гласови. И Катерина Ѓорѓиевска од ЛДП/ДОМ со 154 гласа, тешко можеше да го помине првиот круг од изборите и да се пробие меѓу двајца мажи противкандидати коишто имаат освоено над 1.000 гласови.
Извор: Дојче веле