ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Тестираните 68 ученици од „Зеф Љуш Марку“ се негативни, скрининг се спроведува и во училиштето „Панче Караѓозов“

October 20, 2021 13:59
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шеесет и осум ученици од предвидените 69 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, покажаа резултатите од скринингот кој денеска се спроведе во тоа училиште. Скрининг денеска се спроведе и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

– Денеска во средното училише „Зеф Љуш Марку“ почна скринингот за Ковид-19 каде беа опфатени 68 ученици од предвидените 69 ученици. Имавме потпишана согласност од родителите и со тоа бевме во можност и дадовме согласност да се тестираат нашите ученици. Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни. Во секое училиште се почитуваат протоколите од Министерството за здравство во соработка со Министерсвото за образование и наука, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

На прашање дали имало родители кои одбиле да дадат согласност нивните деца да бидат тестирани таа рече дека од МОН им предложиле три листи по 69 ученици.

– Од првата листа не земавме согласност од родителите, па потоа од втората или од третата листа ги надокнадивме бројките на ученици. Имаше некои што не се согласуваа и ги почитуваме нивните мислења, но повеќе додадоа согласност и учениците се тестирани и имаат негативен резултат, додаде Беќировска.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје-Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

– Во првото училиште „Зеф Љуш Марку“ одлично поминавме во однос на организациски аспект, во однос на соработка со децата и одговорните таму и сме презадоволни и се надеваме дека и тука ќе биде така и сите наредните денови на овој начин ќе се одвива. Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви со кои ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија кога ги носат, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно. Веќе две години земаме брисеви ниту настанала повреда, ниту рана, значи се тоа е внимателно направено. Во училишето „Зеф Љуш Марку“ немаше позитивен резултат. Нашата екипа е само во овие две училишта, додаде Јанкуловски.

Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата тестирањето продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk