ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Герасимовски: Нема отстапка за прекршителите на законите, Водно останува заштитено од уништување

October 20, 2021 15:08
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, денес ја посети локацијата каде сопственици на земјиште на Водно кое се водело како земјоделско, почнале да го рамнат со намера на истото да градат. Градежните активности на оваа локација беа сопрени по брзата реакција на Општина Центар која веднаш спроведе инспекциски надзор со кој беше констатирано прекршување на законот по што беа изречени казни на сопственикот. Герасимовски денеска ги увери граѓаните близу оваа локација дека Водно повеќе нема да доживее ниту една злоупотреба.

„Предолго Водно беше насилно злоупотребувано и уништувано од ВМРО-ДПМНЕ. Штетите кои се досега направени се огромни и не смееме да дозволиме ниту една понатамошна злоупотреба. Мојот клучен фокус како градоначалник е да ги зајакнеме инспекциските служби но и соработката со граѓаните кои мора да алармираат за можни злоупотреби. Брзо и ефикасно постапување по пријавите како што тоа денес го направи Општина Центар мора да има за секое можно отстапување од плановите и дозволите за градба. Тоа е клучот до добра урбанизација и заштита на општината“ – истакна Герасимовски.

Во конкретниот случај извести Герасимовски се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации вели тој не е предвидена никаква градба ниту пак населба поради што сопственикот од општина Центар ќе добие и решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба.

Тој исто така порача дека уште во првата година од мандатот ќе направи целосна реорганизација на инспекциските служби и ќе го зголеми нивниот капацитет со цел ефикасна работа и брза реакција која е нужна за зголемување на довербата на граѓаните во општината. Герасимовски особено ја потенцира и важноста од навремената реакцијата на граѓаните кои се најблизу до случувањата при прекршувањето на законите.

Next Post

Димитров: Подобро да сме изненадени од добра вест, бидејќи имаме доволно искуство од разочарувања

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk