ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува скринигот во средните училишта и вакцинацијата

October 21, 2021 08:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува скринингот за Ковид-19 во средните училишта во земјата. Резултатите вчера покажаа дека шеесет и осумте тестирани ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, а скрининг се спроведуваше и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Низ државата тестирањето продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

– Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни. Во секое училиште се почитуваат протоколите од Министерството за здравство во соработка со Министерсвото за образование и наука, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје – Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

– Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви како кога ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија и истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи, објасни Јанкуловски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вчера, биле направени 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи со Ковид-19 и тоа најмногу од Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани биле 15 починати лица, од кои девет од Скопје, три од Куманово и по едно починато лице од Валандово, Кичево и Прилеп. Сите пријавени лица се починати во болнички услови соопшти Министерството за здравство. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица, четири се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Од Министерството за здравство соопштија дека регистрирале и 1487 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 198.156, бројот на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998. Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.699.

Продолжува и вакцинирањето против Ковид-19. Министерството за здравство оценува дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Вакцинација се одвива во постоечките пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат.

 

Од Министерството потенцираат дека со извршена комплетна вакцинација граѓаните се заштитуваат себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од Ковид-19.

– Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот, информираат од Министерството и ги повикуваат сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење.

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 како прва доза, 1.585 се ревакцини, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

По најавата на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство, партиите од владејачката коалиција порачаа дека остануваат во Владата

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Жесток напад на Трамп кон Лиза Монако директорка на „Мајкрософт“ – бара да и се даде отказ на

September 27, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

September 27, 2025

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk