ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрчанец: Општините да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност и да бидат во чекор со централната власт која неколку години го држи првото место во регионот

October 21, 2021 17:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата, Марјан Забрчанец денеска учествуваше на дебатата на тема „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, во организација на Фондацијата Метаморфозис како дел од промоцијата на една платформа на WhatsApp за брза комуникација меѓу новинарите и претставниците на институциите и на платформа на Viber апликацијата “ДЕ ФАКТО: само проверени содржини”, каде се споделуваат рецензии на лажни вести со цел да се покрене свесноста и да се спречува манипулацијата на јавноста.

Националниот координатор Марјан Забрчанец истакна дека промоцијата на платформите за брз пристап, добивање и размена на проверени информации е резултат на еден од столбовите на Акцискиот план на Владата за борба против дезинформациите – соработката со сите чинители во оваа борба како што се медиумите, новинарските и граѓанските организации и академијата.

Кон ова, нагласи Забрчанец, треба да се додаде и компатибилноста на новите платформи со другите столбови на Акцискиот план на Владата како што се активна транспарентност, медиумската писменост и системот за брз одговор и реакција на дезинформациите.

Општините мора да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност, нагласи Забрчанец, и додаде дека не смее да се дозволи новите раководства на локалните самоуправи да ги затворат општините и да ја уназадат транспарентноста која на централно ниво неколку години има прогрес.

Во однос на медиумската писменост националниот координатор Забрчанец посочи дека на неа не треба да се гледа само како долгорочна алатка, туку и како на можност за спроведување активности за кревање на јавната свест за критичко размислување и дигитална писменост во заеднички проекти со новинарските и граѓанските организации, како и со академската средина и медиумите.

Новите платформи за комуникација, креирани од Фондацијата Метаморфозис, се во рамките на програмата Медиуми за демократија и заложбата за засилување на борбата против дезинформациите, и се реализираат со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.

На апликацијата WhatsApp, се поставени четири канали за брза комуникација на новинарите преку директни контакти со соодветните јавни институции за да ја проверуваат вистинитоста на информации пласирани во јавноста на теми од општествена важност за граѓаните како што се: КОВИД-19, Животна средина, Интеграции и Пописот.

На онлајн промоцијата и дебатата  денеска учествуваа и Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите на Македонија, Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, Горан Ризаов, менаџер на програмата „Медиуми за демократија“ на Фондацијата Метаморфозис, како и повеќе новинари и претставници на медиумски организации.

Next Post

Попладневен преглед: Бесплатен интернет во битолските училишта, инфлацијата ќе биде 2,4 отсто, ќе биде набавен лекот Молнопиравир

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk