ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје: Лаги и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ – Универзална сала работи со настани и без објект во употреба (ФОТО)

Лицемерно е да се говори за Универзална сала со оглед на нејзиното преименување од претходното градско раководство во Конгресен центар Александар Македонски и обидот да се избрише од колективната меморија на скопјани оставајќи ја во распад

October 23, 2021 12:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала, стои во демантот од Град Скопје.

„Сакаме да нагласиме дека Универзална сала е запуштена и затворена во времето на претходно градско раководство и со тоа голем број значајни културни настани останаа без дом. Иако нова Универзална сала беше дел од програмата на претходното градско раководство, тоа не се случи, и за жал овој култен културен објект остана нефункционален и во распаѓање.

Градоначалникот Шилегов и во услови на пандемија со поддршка од Владата успеа да обезбеди финансиски средства за целосна реконструкција на Универзална сала и во тек е обнова на овој симбол на Скопје.

Наместо да се стави клуч поради затворениот објект, Универзална сала денеска функционира во полн капацитет како никогаш досега, вработените се задржани и оваа институција активно учествува во унапредување и збогатување на културниот живот во Скопје, како и во организација на голем број културни настани, а некој од нив како  „Фестивалот на светлината“ е единтвен во регионот.


Покрај омилениот на скопјани „Фестивал на светлината“, Универзална сала континуирано е организатор на манифестацијата „Бела ноќ“  и „Фестивалот на акустична музика“, кои изминативе години станаа регионални културни атракции, а беше и дел од организацијата на проектот „Култура во време на корона“.

Споменатата опрема во услови на затворен објект, е неопходен дел во тековното функционирање на „Универзална сала“ во услови кога голем дел од културните настани треба да се организираат надвор од објектот, а истата и се изнајмува за други настани на отворено.

Лицемерно е да се говори за Универзална сала со оглед на нејзиното преименување од претходното градско раководство во Конгресен центар Александар Македонски и обидот да се избрише од колективната меморија на скопјани оставајќи ја во распад.“, се наведува во реакцијата од Град Скопје

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk