ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пред старт реконструкцијата на „Партизан“ и новиот пливачки базен во Карпош

October 25, 2021 12:46
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош гo издаде одобрението за реконструкција на спортската сала „Партизан“, но и решението за изградба на затворениот пливачки базен кој ќе биде изграден веднаш до овој култен спортски објект, соопштуваат од Општина Карпош.

„Градоначалникот Стефан Богоев ги потпиша овие акти, а Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја финализира постапката за избор на изведувачи за двата спортски објекти. Имено, двете јавни набавки се во фаза на евалуација на пристигнатите понуди, по што АМС ќе спроведе и  е – аукции.

Теренските активности за реконструкција на салата и изградба на затворениот пливачки базен се очекува да започнат за триесетина дена.

Иницијативата за спас и обнова на „Партизан“ општината ја започна на почетокот на 2019 година. Оттогаш се вложија сериозни напори за оваа спортска сала, која е дел од колективната меморија на скопјани да се врати во владение на општина Карпош, имајќи предвид дека со салата стопанисуваше приватен концесионер на несоодветен начин.

По враќањето на „Партизан“ во владение на општината, трајно се отстрани заканата на овој простор да „никнат“ нови згради. Локалната самоуправа во соработка со здружението „Културно Ехо“ спроведе анкета за избор на идејно решение за реконструкција на салата. Идејните проекти беа подготвени од домашни и странски млади архитекти на здружението, а изборот преку анкета го направија граѓаните на Карпош. Агенцијата за млади и спорт го подготви основниот проект, по што истоимената институција објави јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција на салата.

Во овој дел од Карпош, ќе биде изграден и затворен пливачки базен. Истиот ќе можат да го користат учениците од општинските основни училишта, а во попладневните часови и околните жители.

На овој начин, делот меѓу населбите Карпош 3 и Карпош 4 ќе претставува уредена спортска целина, која ќе можат да ја користат сите граѓани.

Со хуманизацијата на овој простор се создаваат услови за уште поголем развој на спортот на локално ниво.“, се наведува во соопштението од Општина Карпош.

Next Post

МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес, ВМРО-ДПМНЕ шири невистини

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk