ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За пет дена бројот на активни случаи порасна од 5.700 на 6.200, вчера девет процентни од тестираните позитивни

October 26, 2021 07:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Во ковид-статистиката вчера, како и претходните викенд денови, беше забележан пад на бројот на заразени во однос на направени тестирања. Од 1.514 тестирања, беа регистрирани 135 нови случаи или околу девет проценти. Во работните денови, тој процент се движи од 10 до 16. Од друга страна, забележан е пораст на активните случаи во последните пет дена. На 20 октомври имало околу 5.700 активни случаи, а вчера беа регистрирани околу 6.200.

Вчера беа регистрирани и 11 починати лица, како и 330 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а на активни случаи изнесува 6.187.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се половината од активните случаи или 3190. Следи Куманово со 446 активни, Велес – 309, Прилеп – 245, Битола – 201.

Државните здравствени институции продолжуваат со вакцинација на населението против Ковид-19. Во  државата се вакцинирани над 800 000 граѓани. Воедно, над пет илјади граѓани примиле трета анти ковид доза на вакцината.

Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти од жителите примиле две дози вакцина.

Во општините Дебар и Центар Жупа со процесот на имунизација против Ковид-19 со две дози опфатени се над 8 100 граѓани, а се зголемува и интересот за трета доза, која до сега ја примиле 21 лице.

На територијата на Општата болница со проширена дејност од Гевгелија, под чија надлежност се уште општините Богданци и Дојран, бројката на вакцинирани граѓани против Ковид-19 моментно стагнира.

Директорот Митко Крџев вчера изјави дека на вакциналниот пункт голем интерес постои само за третата „бустер“ доза со вакцината на Фајзер, која до сега ја примиле над 250 граѓани од кои 155 само во еден ден.

Досега во општините Гевгелија, Богданци и Дојран се вакцинирале вкупно 12 000 граѓани од кои ревакцинирани се 11 000 и дека евидентиран е намален интересот за прием на прва анти – ковид вакцина.

Во штипскиот вакцинален пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ вчера биле имунизирани 375 граѓани.

Дијана Коцева-Миланова, координатор на вакциналниот пункт, изјави дека 95 отсто од пациентите примиле третата доза вакцина. Забележува дека останатите пет отсто од граѓаните биле за ревакцина, а мал е бројот на граѓани кои примиле прва доза вакцина против Ковид-19, но тоа се должи и на високиот процент имунизирани граѓани, кој е и над државниот просек.

Од Кичево пристигна веста дека е исклучително мал интересот за вакцинирање кај граѓаните. Во последните десет дена во Здравствениот дом во Кичево се вакцинирале само 165 граѓани. Трета доза досега примиле 139 граѓани од кои најголем број се здравствени работници

Од почетокот на вакцинацијата до 21 октомври во Здравствениот дом Кичево прва доза примиле 15 841 граѓани, се ревакцинирале 13 023 лица, додека трета доза примиле 139 граѓани.

Ако се има предвид дека дел од жителите од оваа општина се вакцинирале во Скопје и Охрид, тогаш вкупниот број вакцинирани граѓани е над 19 000.

Во Прилеп се чека термин за скрининг на учениците.Од 10-те основни и петте средни училишта се испратени списоците до Министерството за образование и наука за 284 ученици, по случаен избор од Е-дневникот, чии родители се согласиле да се тестираат децата.

Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа потврдува дека се чека термин за едноставното тестирање на учениците со земање брис.

За скрининг чекаат 180 ученици во основните и уште 104 од средните училишта.

Во меѓувреме почна тестирањето за учениците од општините во регионот. Досега резултатите покажуваат негативни тестови.

Епидемиолошката состојба  во прилепските училишта се оценува како стабилна.  Двајца ученици се позитивни, а вкупно осум се  во изолација, како и четворица наставници.

Во светот досега од коронавирусот се заразиле над 244 милиони луѓе, починале околу пет милиони, а оздравеле повеќе од 221 милион лица.

Шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера изјави дека пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни.
– Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.
Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.
Кина почнува со вакцинирање на деца од три години и повеќе против Ковид-19. Малите деца од тригодишна возраст и повеќе во Кина ќе почнат да ја примаат вакцината против Ковид-19, каде 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите применуваат политика на нулта толеранција кон жариштата на инфекција.
Така, Кина ќе стане една од ретките земји во светот што почнаа да вакцинираат толку мали деца против вирусот. Куба е една од земјите кои почнаа да ги вакцинираат децата од двегодишна возраст.
На Кипар потврдени два случаи на варијантата Делта плус, новата варијанта на Ковид-19. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека од 279 анализирани примероци, кај сите била потврдена варијантата Делта, а при дополнителна анализа биле откриени случаите на Делта плус.

Карактеристиките на мутацијата Делта плус (AY.4.2) покажуваат дека ја зголемува преносливоста на вирусот.

Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и во Русија./МИА/.

Next Post
МИА

Уште четири дена кампања, се засилуваат изборните активности и меѓусебни обвинувања

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk