Во следната година Северна Македонија треба особено да ја подобри интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аерозагадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување на регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030, се наведува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава, во однос на животната средина.
Европската унија промовира силна климатска акција, одржлив развој и заштита на животната средина. Европското законодавство содржи одредби кои се однесуваат на климатските промени, квалитетот на водата и воздухот, управување со отпадот, заштита на природата, индустриското загадување, хемикалиите, бучавата и цивилната заштита. Северна Македонија, според Извештајот, има некое ниво на подготвеност во таа област.
– Лимитиран прогрес е постигнат во областа на зачувување на природата и климатските промени. Како и да е, имплементацијата во сите сектори останува загрижувачко прашање. Земјата е охрабрувана да истапи амбициозно кон Зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Повеќето од минатогодишните препораки не се имплементирани, се истакнува во Извештајот.
.
Во однос на животната средина, ЕК нотира дека административниот капацитет на сите нивоа останува слаб, со недоволно финансиски ресурси за имплементација и зајакнување на постоечката легислатива.
– Имплементацијата на оценката за влијанието врз животната средина и Стратегиската оценка за животната средина треба да бидат подобрени особени низ процеси на јавна консултација и во однос на квалитетите на извештаите. Дијалогот со цивилното општество и процесите на јавна консултација во овој сектор треба да бидат значително подобрени. Недостатокот на транспарентност и достапност до информациите е проблем кој се повторува. Законот за инспекција на животната средина и амандманите од законот за проценката на влијанието врз животната средина се уште не се усвоени. Лимитиран прогрес беше направен во однос на „ INSPIRE“ Директивите во областа на одговорноста кон животната средина, оценува ЕК.
Околу квалитетот на воздухот, се потенцира дека финансиската помош за инвестирање во редуцирањето на употребата на фисилните горива е пренаменета, извештаите се доставуваат до Европската агенција за животна средина.
– Како и да е, ограничената имплементација и ресурси, слабата интерсекторска координација помеѓу и централната и локалната власт го намалува импактот од мерките за редуцирањето на загадувањето на воздухот. Аерозагадувањето во големите градови останува многу загрижувачко прашање. Станиците за мониторирање во општина Гевгелија беа набавени и заменети со инструменти за мерење од веќе постоечката станица за мониторирање во Битола, која веќе беше финализирана. Надоградбата на системот за квалитетот на воздухот исто така беше имлементирана, се посочува во Извештајот.
Што се однесува до управувањето со отпадот, ЕК забележа дека слабите административни капацитети, слабиот степен на извршување и лимитираните интерсекторски соработки остануваат главни препреки за прогрес во тој сектор.
– Сетот на закони за управување со отпад и третман на отпадот инкорпориран во принципите на циркуларна економија беа усвоени. Националниот план за управување со отпад (2021-2031) и првиот Национален план за превенција од отпад (2021-2027) беа изготвени и чекаат усвојување. Воспоставувањето на регионален систем за управување со отпад продолжува да се одложува. Несоодведни и илегални депонии продолжуваат да претставуваат важен проблем за животната средина. Одделни собирања на различните типови отпад како и економски инструменти кои го промовираат рециклирањето, повторната употреба и превенцијата од отпад остануваат лимитирани. Рехабилитацијата на малите депонии во ОХИС веќе е започната, стои во Извештајот.
Околу менаџирањето на квалитетот на водата, ЕК нотира дека финансиски договори беа потпишани за да се обезбедат средства за конструкција на прочистителна станица во Скопје и работите на прочистителната станица се во тек.
– Мониторингот на мрежата за испитување на површински води е подобрен. Како и да е, исто така е потребен систем за мониторирање на квалитетот и кванитетот од површински и подземни води. Планот за управување со потсливот на Охридското Езеро беше изготвен, но имплементацијата за управувањето со речните сливови остава загриженост. Беше направен напредок во однос на имплементацијата на ЕУ-директивите за поплави. Беа назачени Совети за речните сливови. Административниот капацитет и интеринституционалната координација треба да биде зајакната. Повеќе напори треба да се направат во однос на нерационалната употреба на водата и да се спроведе принципот на целосна наплата на трошоците, оцени ЕК.
Во Извештајот се посочува дека е направен мал прогрес во однос на Законот за заштита на природата, усогласени со директивите за птиците и нивните живеалишта, изготвени се и чекаат усвојување.
– Беа развиени насоки за мониторирањето и конзервацискиот статус на живеалиштата и видовите. Идентификацијата на потенцијалните „НАТУРА 2000“ места продолжува, со фокус на регионот на реката Брегалница и со идентификација на Долна Брегалница како специјално заштитено подрачје. Шар Планина беше прогласена за Национален парк а процедурите за прогласување на други региони се во тек. Активностите за повторно прогласување на Националниот парк Маврово треба да бидат забрзани. Планот за управување со Националниот парк Пелистер беше усвоен. Охридското езеро и Студенчишко Блато беше назначен како блато од интернационално значење. Апликацијата за вклучување на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато на Листата на Рамсарската конвенција беше поднесена и Длабока Река (Национален парк Маврово) беше поставена на преелиминарната УНЕСКО листа на шуми со стара бука, се вели во Извештајот на ЕК.
ЕК оценува дека воспоставувањето на мониторинг систем за балканскиот рис во Северна Македонија претставува прв чекор кон неговото зачувување.
– Одржливо финансирање на менаџментот на заштитените подрачја останува важен предизвик со доста недоволна национална распределба на средства за заштита на природата потпирајќи се воглавно на помош од донатори. Имплементацијата на пораките од УНЕСКО за природното и културно наследство на Охридскиот регион е сериозно одложено и бара сериозно внимание од властите, се нагласува во Извештајот.
Во однос на индустриското загадување и менаџментот на ризик, како што се истакнува, Законот за индустриски емисии се уште не е усвоен.
– Недоволното извршување на спроведувањето на казни во однос на одговорните загадувачи поттикнува да не се создаде систем кој би спречил индустриски и хемиски инциденти. Напорите треба да се усогласат со „Севесо 3 Директивите“ и „ЕУ Еколебел регулативите“ и и ревизорскиот систем за менаџирање со животната средина, се посочува во Извештајот.
Од ЕК истакнаа дека нема позначајни подобрувања во областите на загадување со хемикалии во периодот за кој известуваат.
– Усогласувањето на правната рамка со правото на ЕУ останува ниско, а човечките и финансиските ресурси се многу ограничени. И покрај тоа што законот за климатска акција допрва треба да се усвои, долгорочна стратегија за климатска акција со наменски акционен план веќе е донесена. Потребни се повеќе напори за имплентација на Парискиот договор. Националниот определен придонес веќе е поднесен и е во согласност со долгорочната стратегија за климатски промен и стратегијата за енергија. Се подготвува и платформа за следење, известување и верификација, се заклучува во Извештајот на ЕК./МИА/.