ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ученици симулираат убиства од „Скуид гејм“, психолози предупредуваат на внимателност

October 26, 2021 10:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
фото: Исечок од „Squid Game“, принтскрин од видео на Јутјуб

фото: Исечок од „Squid Game“, принтскрин од видео на Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

На големи одмори, ученици во училишта низ државата, симулираат убиства и прават други насилни предизвици од популарната јужнокорејска серија Squid game. Оваа серија предизвика бурни реакции заради негативното влијание врз децата и младите, а во некои држави властите веќе и препорачаа родителите да не им дозволуваат на нивните деца да го гледаат шоуто. Тоа се случи во Британија, каде што локалните власти побараа од родителите такво нешто, откако беше објавено дека децата на возраст од шест години ги копираат насилните предизвици од играта, информираат од МЕТА.мк.

За влијанието на серијата врз младите, која има повеќе од 140 милиони гледачи, зборуваме со проф. д-р Мирослав Пендаровски, универзитетски професор, психолог и психотерапевт, кој предупредува дека сè што личи на игра, не е игра.

„Не е дека е првпат на младите ширум светот да им се нудат серии кои ги застрашуваат родителите, наставниците па и сите други директно, или индиректно засегнати од прашањето – каде отиде/оди светов“, вели Пендаровски.

Според него, т.н. игри со симулации на убиства, перверзии, насилие од секаков тип можеби од една страна овозможуваат катарза на некои насобрани фрустрации кај младите, но, долгорочно создаваат еден унифициран модел на идентификација со ликови кои го носат мрачното во нас.

„Во тие години децата и младите имаат потреба од модели за идентификација и по моделот на идентификација а понекогаш и по моделот на проста имитација, несвено или полусвесно ги примаат особеностите на ликовите кои ги подражаваат – вели тој.

Не секогаш, според него, тие ликови се извор на здрави етички и животни вредности па со самото тоа и претставуваат лоши модели, а кои од младината се впиваат без поговор, затоа што тоа е кул.

„Па така доаѓаме до една чудна позиција – до каде е игра, а до каде станува сериозно? Неретко, а тоа било пример и во не така дамнешното минато, сум пишувал за слични опасни „игри” како онаа со удирањето на младите еден со друг сè додека не се издишат и не се доведат до состојба на несвест (што беше лош тренд пред само неколку години), потоа, скокањето од прозорците на училиштата … Секогаш сум ја потенцирал мултидимензионалноста и комплексноста на овие прашања кои не се само психолошки туку и социјални и етички“, додава Пендаровски.

Денес се познати истражувања со две крајности во заклучоците околу влијанието на насилните игри и/или филмови врз агресивното однесување кај децата – едната група истражувања тврди дека играњето агресивни игри или гледањето агресивна содржина придонесува за намалување на агресивносот однесување на децата како резултат на емоционално празнење познато како катарза (грчки: катарзис, емоционално ослободување), а другата група истражувања вели дека играњето или гледањето такви содржини го поттикнува насилното однесување.

„Што станува со градењето здрави вредности кај генерациите а се однесуваат на доброто, алтруизмот, помагањето, културното поведение, добробитта на другите?! Каде се воспитно-образовните дилеми, какви генерации воспитуваме и кој утре ќе го понесе товарот да води едно релативно здраво и морално општество? Каде е границата на она што е во ред и она што едноставно, не е во ред?“, јавно прашува Пендаровски.

Според него, ова се прашања од комплкесен тип и бараат сериозни разгледувања со кои треба да се бават и родителите и наставниците и психолозите а секако и тие кои ги пласираат ваквите содржини.

Пендаровски вели дека е неопходен систем од насоки, мерки и поведенија кои ќе го враќаат здравото и зрелото насочување на младите кон генералните животни вредности, секако притоа, почитувајќи ја и нивната индивидуалност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Урбан сељачизам...

НАЈНОВО

Што содржи планот на Трамп за Појасот Газа

September 27, 2025

Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

September 27, 2025

Каранфилова Пановска: СДСМ во Програмата за локалните избори нуди решенија кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во општините

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk