„Преку 30.000 граѓани дадоа поддршка за ДОМ. Многу сме задоволни од резултатот во изборите, уште пред кампањата предвидувавме дека ќе освоиме околу 15.000 гласови. Во 2013 година ДОМ одеше само со советнички листи, 43 листи во советите. Не знам која е потребата (Ана Петровска) да ги омаловажува резултатите на ДОМ сега на овие избори и да ги дискредитирате резултатите и да ги омаловажувате граѓаните кои дале глас на оваа коалиција. Ниту некој одбил да биде советник“, вели Маја Морачанин, претседателка на ДОМ во Студио 10 на ТВ24.
„Вие не сакавте да влезете во салата за да си го кажете ставот, на Централниот одбор. Не знам од каде ви е дезинформацијата дека 16 советници не сакаа да бидат на листите, вие ги изманипулиравте тие луѓе.
Приказната за Ана Петровска и ДОМ е завршена, вие направивте сè за да направите штета на партијата. Никогаш не кажавте дека сакате да се кандидирате за градоначалник. Граѓаните си кажаа, мислам дека дебатата заврши. Продолжуваме понатаму“ – вели Морачанин.