ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Последниот „клизач“ на Арсовска во кампањата полна со автоголови

October 27, 2021 14:51
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, која себеси уште на почетокот на кампањата се пофали дека имала достигнувања како никој друг во Европа, сепак се „сопна“ на локалните предизвици.

На површина излегоа слабите познавања на Арсовска за менаџирањето со локалната самоуправа, иако во јавноста беше претходно позната како стопанственик, воедно и претседател на Сојузот на стопански комори. Токму во тоа својство Арсовска беше една од најгласните контра зголемувањето на минималната плата, која тогаш изнесуваше само девет илјади денари и застана во одбрана на компаниите на сметка на работниците, споделувајќи го ваквиот став заедно со носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Трајко Славевски.

Но, штом стартува кампањата Арсовска ја видовме во ново руво, најавувајќи дека рамо до рамо со граѓаните ќе ги решава нивните проблеми. Едно од најпопулистичките ветувања, во борбата за глас повеќе, остана запаметено она за бесплатен јавен превоз, за кое во интервјуто на Телма телевизија ниту сама не знаеше да одговори колку би го чинел Градот Скопје неговото имплементирање. Уште помалку Арсовска не знаеше да одговори ниту колку тежи буџетот на градот, но тоа не ја спречи да вети и набавка на 250 нови електрични автобуси. Откако веројатно стана свесна за сумата што би се издвоила за 250 електрични автобуси, ова помпезно ветување на Арсовска претрпе измени, па така, со последната корекција најавена е набавка на 150 автобуси на природен гас и уште сто на алтернативен енергенс. Сега Арсовска знае и со кои пари ќе ги набави автобусите, односно преку европскиот проект Хоризонт 2020. Ова ветување сепак е тешко дека ќе добие реализација, особено поради фактот што овој европски проект е веќе одамна затворен.

Данела Арсовска продолжи да тврди и дека нема подобрување во квалитетот на воздухот на Скопје, но истражувањата на светски и домашни релевантни институции ја побиваат оваа нејзина изјава. Последните неколку години, екстремното загадување во главниот град бележи намалување, а во очекување на последните анализи кои ги работи експертски тим на УНДП, Град Скопје, УГД-Штип и Министерството за животна средина и просторно планирање, резултатите од анализите на загадувањето со ПМ10 честичките во претходните четири години покажуваат тренд на намалување на годишно ниво. Континуиран пад на средното годишно ниво е забележан од 2018 година (57,39)  до минатата година (47,70), ако се има предвид дека од 2015 до 2017 година, средното годишно ниво на ПМ10 честичките се движело од 71,30, преку 71,91 до 70,03 во 2017 година.

Арсовска не запре со гафови ниту по прашањето на инфраструктурата. Таа најави продолжување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево, што инаку веќе се реализира. Таа вети и изградба на булеварот „Хрватска“, за што Град Скопје веќе ја собра градежната документација, а понуди се отворени и за продолжување на булеварот „Словенија“, што Арсовска го вети како нејзин проект.

Кампањата на Арсовска сепак ја заокружи и обележа нејзиното бугарско државјанство. И покрај тоа што од СДСМ на прес-конференција обелоденија документи дека има бугарско државјанство, но по цел ден молк таа вечерта оваа информација ја демантираше. Но, она што следуваше е дека од СДСМ ја објавија и нејзината бугарска лична карта.

Арсовска ќе остане запаметена и по тоа што избегнуваше дуел со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, а и често ги избегнуваше новинарските прашања на кои не сакаше да даде одговор.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk