Јоана Видњевиќ е државен службеник која веќе 20 години наназад работи во Град Скопје и
била дел од градската администрација во време на повеќе градоначалници. Видњевиќ тврди
дека низ годините, во локалната самоуправа работело речиси цело нејзино потесно семејство,
со вкупен заеднички стаж од околу 150 години.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Видњевиќ ја дава својата поддршка за вториот круг
од локалните избори на актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре
Шилегов.
„Да ви кажам, за периодот од 20 години кои јас ги работам таму, после Трифун Костовски,
Петре Шилегов е вториот градоначалник што дојде и се поздрави со сите вработени. Тоа е
домашно воспитување и основна култура. Па, драги мои, размислете по кои параметри ќе ги
делите луѓето во нивното однесување. А инаку субјективно, тоа е мојот градоначалник“,
пишува Видњевиќ во својата објава.