Горд сум што во изминативе четири години, во првиот пандат, успеав да им го дадам Скопје на скопјани, подеднакво на сите луѓе, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност. Скопје почна да ги третира свотие граѓани поеднакво и инвестиравме подеднакво на сите страни“ кажа кандидатот за градоначалинк на Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов во емисијата „Патот кон“ на Алсат М.
Тој кажа дека се инвестираше во делови од градот кои беа сериозно запоставени изминатите 40-50 години.
„Градот се интегрираше, бидејќи политиките ни се такви, да институционално и јас како градоначалник ја испративме пораката за изедначување на граѓаните. Граѓаните на дело видоа дека градиме Едно општество за сите, ветување што го дадовме уште во 2016 и 2017 година“ рече Шилегов. Тој додаде дека посветеноста и изедначувањето на граѓаните резултираше со зголемена безбедност и сигурност и дека нема веќе тепачки помеѓу средношколците.