ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Николовски: Битола е во сигурни раце и ќе продолжи да се развива

October 29, 2021 18:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter
На ден пред гласањето во вториот круг, од тука од Битола, ја испраќам пораката до битолчани- во недела носите историска одлука. Одлука за иднината на Битола, дали ќе продолжи напред да се развива или ќе се врати назад во неизвеснoст и режим.

На 31-ви октомври, изборот е помеѓу отворени, достапни и чесни политичари кои му служат на народот, како што е нашиот кандидат Христо Кондовски и оние од другата страна бранители на криминалот и со кои не сте на чисто што ве чека.
Изминатите две недели ги поминав тука во Битола, имав многу средби, разговарав со луѓе од различни сектори, за проблемите, за предлозите како Битола да го направиме уште поубав град за живеење.
Резултатите кои и досега се постигнати во изминатите четири години се неспорни. Кондовски ќе продолжи засилено да реализира инвестиции за граѓаните кои се нашиот мотив и патоказ за идните мерки и политики за развој на општината.
СДСМ ги слуша граѓаните, се коригира и постапува. Ги ставаме институциите и целокупниот државен апарат во ваша функција, да бидат ваш сервис за секоја услуга што ви е потребна. Општината и Владата се отворени за граѓаните.
Ние сме партнер на граѓаните, ние сме на иста страна со ВАС! Ги слушаме потребите на секој граѓанин, на бизнис секторот, на невладиниот сектор.
Покажавме дека централната и локалната власт кога работат со здружени сили и имаат иста цел, го даваат најдобриот резултат. Ги помогнавме и раздолживме општините и за  4 години реализиравме над 7.000 проекти на локално ниво.
И ќе продолжиме со уште позасилено темпо, со многу поголема ефикасност во служењето на граѓаните, со сериозни промени во односот и испораката на услуги од страна на институциите, од функционерите и од администрацијата,  до вас, граѓаните.
СДСМ и владата што ја предводи грижат и ќе продолжи да се грижат за секој еден граѓанин, искрено и доследно!
Почитувани граѓани, почитувани битолчани,
Христо Кондовски е народен човек, со кој Битола е во сигурни раце, човек кој има капацитет да ја води  Битола напред, да ја развива! Нема време за импровизации, Вие битолчани, вашите деца заслужуваат да живеат и работат во град кој нуди просперитет. Затоа ја барам вашата поддршка за Христо. За подобар живот!
Во недела, излезете и гласајте, остварете го своето право. Гласајте за нашата земја да продолжи да се нормализира, да се стабилизира и никогаш повеќе да не се врати назад во режимот! Изберете го Најдоброто за Вас, за Битола. Во недела, заокружете го бројот 12! Само така ќе го останеме на вистинскиот, стратешки колосек!
Next Post

Заев во Чучер Сандево: Во недела масовно да излеземе да ја потврдиме правилната насока на општините и државата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk