Она што премиерот Заев го отвори е тоа наслество да не се врати и да продолжиме по патеката на градоначалникот Шилегов, а тоа е Скопје како современ метропола што се грижи за своите сограѓани и нивните потреби и која не ги вложува парите во непотребни работи кои продуцираат корупција. Мислам дека мотивацијата и на премиерот и на целата Влада и на СДСМ е огормна за да ја задржиме подршката на Скопје затоа што е симбол на отвореноста и на борбата протиив тоа што беше режимот и верувам дека граѓаните ќе го препознаат и дека ќе дадат подршка“ рече миннистерот за правда БојанМаричиќ в емисијата „Трилинг“
Тој нагласи дека секаде каде СДСМ води или е влезен во втор круг очекуваат победа. Меѓутоа Скопје има особено симболична важност како главен град. Јас мислам дека Владата има мандат да работи четири години, постапките и анализите ќе ги правиме по изборите. Она што премиерот Заев го кажа е добра мотивација на голем број на луѓе кои навистина сакаат да продолжиме по патеката но со нормано научени лекции.
Ние сме свесни за пропустите, граѓаните ни ја упатија пораката која ја уважуваме и се обврзуване да направиме темелни промени, рече Маричиќ.