Ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.
Специфика за земјава е што промената на времето случуva во предвечерието на вториот круг од локалните избори.
Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент./МИА/.