ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дури 82% од починатите од Ковид 19 последниве три месеци не биле вакцинирани, две дози примиле 774.464 лица

October 30, 2021 09:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Вакцинација

Вакцинација

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера беа регистрирани нови 417 случаи на Ковид-19 од 2.964 тестирања или 14 отсто, вкупно пријавени десет починати и 329 оздравени пациенти. Во моментот во државата има 6.576 активни случаи. Во последните три месеци, 73 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 не биле вакцинирани. Тој процент кај хоспитализираните е 75, а кај починатите 82, покажа анализата на Министерството за здравство.

Вкупниот број на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 201.708 од направени 1.378.530 тестирања. Оздравени се 188.024 пациенти, починати 7.108.

Во периодот од 6 август до завчера, на територија на државата се потврдени 45.621 граѓанин позитивни Ковид-19, од кои 12.375 лица или 27 отсто биле целосно вакцинирани. Според статистика за последните речиси три месеци, 33.246 граѓани, односно 73 отсто од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани, се наведува во анализата на вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19, што вчера ја објави Министерството за здравство.

За вакцинирани, како што се посочува во соопштението, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75 отсто, додека само 25 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до завчера, на територија на државата од Ковид-19 починале 1.592 пациенти. Од нив, 1310 пациенти или 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 282 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на САРС-КоВ-2.

Досега се ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, а трета доза примиле 27.298 граѓани.

Во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464 а трета доза примиле 27.298 граѓани.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во текот на завчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано ЕУ сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk , треба да генерираат нов преку веб-порталот. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Сите земји што имплементирале EUDCC , како што се посочува, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија.

Како дел од ваков напад на систем, завчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EУ сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија.

Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, ЕУ сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EУ сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk, посочуваат од Министерството за здравство.

Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, што важат и за државјаните на Северна Македонија, остануваат непроменети, како и во изминатите месеци, а единствената промена е што се продолжени за две, наместо за една седмица, како што беше пракса досега, јави вчера дописничката на МИА од Атина.

Министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапи вчера во сила, важи до 12 ноември 2021 година во шест часот наутро.

Сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата.

Како и досега, за влез од Северна Македонија, отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа.

Според податоците од светската статистика, досега над 246 милиони луѓе се заразиле со коронавирусот, починале пет милиони, а оздравеле повеќе од 223 милиони лица.

Министрите за финансии и за здравство од 20-те најголеми светски економии (Г20) вчера нагласија дека сакаат 70 отсто од светското население да се вакцинира против Ковид-19 во следните осум месеци и формираа работна група за подобра борба против пандемијата.

СЗО Европа вчера повика во текот на зимата училиштата да останат отворени, но со соодветни мерки за превенција и одговор, со оглед на тоа дека Европскиот регион на СЗО четири последователни недели бележи зголемена трансмисија на Ковид-19. Европскиот регион е единствениот со такви бројки, и тие изнесуваат 57 отсто од новите случаи во светот во третата недела од октомври.

Српскиот министер за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ вчера изјави дека околу 5.000 деца на училишна возраст се заразени со коронавирусот, што е околу 0,6 отсто и оцени дека состојбата не е алармантна.

Во Грција вчера се потврдени првите случаи на варијантата Делта плус. Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Тонга вчера е потврден прв случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Тонга, пацифичка островска дава на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд, ги затвори границите на почетокот од пандемијата и досега немаше заболени лица. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Владата да одговори дали е спремна да разговара за примање мигранти во нашата земја?

May 19, 2025

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните – модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

May 19, 2025

Поскапуваат горивата

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk