Гласањето на Локалните избори 2021 започна денеска со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.
Кандидатите за градоначалници во 44 општини во земјата, вклучувајќи го и Градот Скопје, ќе ја искористат можноста да ги испратат последните пораки до гласачите и да го придобијат нивниот глас в недела кога ќе се одржи гласањето. Изборниот молк започнува на полноќ и ќе трае, заклучно со 19:00 часот на 31 октомври./МИА/.