Вкупно 259 стари, болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас во општина Струга на вториот круг од локалните избори што ќе се одржат утре. Во Вевчани пак денеска ќе гласаат 25 лица, од кои 18 се стари, болни и изнемоштени и седуммина ковид позитивни.
Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукосла информираа дека избирачкиот материјал е примен и гласањето за овие лица тече без попречувања.
Во Општина Струга право на глас имаат 61.437 гласачи, во 101 избирачко место, а во Вевчани 2.075 на три избирачки места./МИА/.