ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Важно обележје на овие избори е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со полицијата

October 31, 2021 21:37
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи. Уште едно важно обележје на овие избори, во текот на целиот изборен процес е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, порача вечерва министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на вториот круг од Локалните избори, нагласувајќи дека до 19 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани за 31,7 проценти, во споредба со изборите во јули 2020 година.

– Во вториот круг се регистрирани 114 пријавени настани, од кои најголемо намалување од 67 отсто е забележано кај пријавените поткупи. Најголемиот број пријавени настани се на подрачје на СВР Штип – 50, 32 настани на СВР Куманово, 12 на СВР Битола, шест на СВР Скопје, пет на СВР Струмица, пет на СВР Тетово, три на СВР Охрид и еден настан на подрачје на СВР Велес. Најголемиот број на настани се однесуваат на агитирање на гласачи – 83 настани, од кои 14 се отфрлени како неосновани, а по другите пријави се постапува, информираше Спасовски.

Во овој сегмент, појасни министерот, влегуваат и пријави за превезување на гласачи, вршење притисок-влијание на гласачи, носење на лични карти на гласачи, телефонски јавувања и други, изборен поткуп – 10 настани, од кои три се веќе отфрлени како неосновани, а за останатите се преземаат мерки за расчистување, три настани за вербални закани, две пријави за злоупотреба на лични податоци, два настани за загрозување на сигурноста, од кои еден отфрлен како неоснован, додека за другиот се постапува, групирање на лица во близина на гласачко место, два настани, од кои еден отфрлен, а за другиот се преземаат мерки за негово расчистување.

– Ова се покарактеристичните настани во текот на овој изборен ден, пријавени досега, но би сакал да ги споменам двете пријавени кривични дела и тоа уништување на изборен материјал на подрачјето на ОВР Кичево, за што против лицето кое е приведено ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „уништување изборен материјал“ и повреда на тајноста на гласањето на подрачјето на ОВР Кочани за што ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“. Во пет од настаните (три на подрачје на СВР Битола и по еден на СВР Скопје и СВР Тетово) пријавени се пет полициски службеници, од кои четири пријави се отфрлени како неосновани, а за петтиот се преземаат мерки и активности за расчистување, истакна Спасовски.

Министерот комнстатираше дека МВР, кое има една од клучните улоги во спроведувањето на изборните процеси, успешно ги презеде сите надлежности предвидени со Изборниот законик, од доставување на податоците за ажурирање на Избирачкиот список, преку обезбедување услови за мирна, целосно безбедна, фер и демократска атмосфера, како во текот на целиот изборен процес, така и на денешниот изборен ден, па сѐ до обезбедување, преземање и враќање на изборниот материјал во ДИК.

Тој упати посебна благодарност до медиумите и новинарите за соработката и за квалитетот на односите кои, како што рече, ги градевме и во текот на овој изборен процес, а кој се засноваше на веќе воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Теута Арифи призна пораз во Тетово и му посака успешна работа на Биљал Касами

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

October 5, 2025

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk