На вечерашната прес конференција, премиерот Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и претседател на СДСМ.
Им честиташе на сите прогресивни граѓани и им посака на избраните градоначалници од СДСМ доследно да извршуваат градоначалничката функција.
-Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев.
Тој додаде дека лично како човек е дел од СДСМ и од прогресивниот народ и нагласи дека останува дел од партијата.
-Должност ми е да искометирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата дојдени доминантно од надвор, а дадени главно за политички, но и за економски причини, а дел од големите пари ги добија од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за изборниот резултат“, рече Заев.
Заев додаде: На овие избори за жал, видовме и сојузи меѓу жртви и насилници од 27 април 2017 година. Се здружија жртвите и насилниците од ВМРО-ДПМНЕ за власт и пари.