ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

November 2, 2021 16:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така, без никаков доказ паушално се тврди дека „многу доктори се осмелиле да ја кажат вистината дека смртноста од вакцините очигледна“. Но, не се кажува  кои се тие доктори, од каде се,  ниту пак, е објаснето како дошле до наводната вистина, пишува „Вистиномер“ во анализата на повик луѓето да не се вакцинираат против ковид-19.

Објава на Фејсбук испраќа антиваксерска порака до граѓаните да не се вакцинираат, со што предизвикува директна штета врз севкупната борба против коронавирусот, поради кој животот досега го загубија речиси 6 милиони жители низ целиот свет.

Не земајте вакцини.

Смртноста е се поочигледна и многу доктори се осмелија да ја кажат вистината!!

Објаснувањето зошто да не се земаат вакцини е исто толку нелогично, колку и самата антиваксерска порака. Се вели дека смртноста е поочигледна, но нема објаснување како е смртноста од вакцините очигледна кога состојбата на терен вели нешто спротивно.

Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица.

Во период од 06.08 до 21.10.2021 74% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица, кои се невакцинирани, изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина, соопштија здравствените власти.

Ова во изјава за „Вистиномер“ го потврдува и д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Невакцинираните лица развиваат далеку потешка клиничка слика со трајни секвели по нивното здравје, кои неретко  водат кон траен инвалидитет или намален квалитет на живот по прележан ковид-19. Вакцинација во висок процент е единствениот начин да ја запреме пандемијата со ковид-19, како пример во пракса можеме да земеме низа на западно-европски земји, чиј процент на вакцинација преминува 75%. Апелирам до секој граѓанин, пред сè, да го заштити сопственото здравје, а потоа здравјето на своите најблиски и заедницата со тоа што ќе се вакцинира, вели Георгиева.

Факт е дека помеѓу починатите има и вакцинирани лица и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти и тоа досега никој не го тврдел, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност.

Освен тоа, според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Уште една манипулација што се прави во објавата е паушалното тврдење дека „многу доктори се осмелиле да ја кажат вистината дека смртноста од вакцините очигледна“. Нема ниту кои се тие доктори, ниту од каде се, ниту дали се од нашата држава, ниту, пак, е објаснето како дошле до наводната вистина. Не е понуден никаков доказ што би можел да го потврди ова категорично тврдење.

За д-р Георгиева ваквите објави имаат цел да ја доведат до заблуда јавноста.

Во нашата земја, а и светот, се практикува медицина базирана на докази, односно апсурдно е да се говори за смртност предизвикана од вакцини во недостаток на научни докази по однос на ова тврдење. Написи во кои не се цитира име и презиме на докторот кој ја дава конкретната изјава и чиј кредибилитет и лиценца може да се провери преку Лекарската комора, се само паушални изјави чија цел е да ја доведат до заблуда јавноста, посочува Георгиева.

Вакви објави на социјалните мрежи, кои директно ги убедуваат корисниците да не се вакцинираат, се опасни и можат да направат голема штета во борбата против вирусот, да го нарушат здравјето на граѓаните и да го ризикуваат нивниот живот.

Не наседнувајте и не споделувајте објави коишто се очигледно се тенденциозни, а притоа не содржат ниту еден доказ, порачува „Вистиномер“.

 

Next Post

Секоја општина бира она што заслужува - еве што избраа урбаните Карпошани

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk