ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ги гласавте – гледајте!

Имаше Македонија можност да се „одлепи“ од своето лошо минато. Впечаток е дека таа можност е загубена. Сега сме, отприлика, некаде околу 2013-2014 година, како резултат на слободниот, демократски избор на граѓаните

November 3, 2021 10:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Оние кои мислеа дека со промената на градоначалниците и составот на советите во своите општини ќе се пробудат во градовите со нов начин на метење на улиците, се разбира дека се излажаа – прво за што се зафатија неколку од новите вмровски градски управи (а повеќето градоначалници од новите мандати уште не се ни официјално доделени) е да влезат во контроверзата со употребата на уставното име „Република Северна Македонија“.

Тоа го потврдува политичкиот правец во кој ќе се движи новата локална власт, многу „над“ ингеренциите за кои се бореа да ги освојат на тукушто завршените избори. Всушност, такви се и инструкциите од „Белата палата“, бидејќи политиката за поништување на Преспанскиот договор, одамна најавувана, е во нејзина „надлежност“. Следното на „дневен ред“ е поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, иако Софија е прилично далеку отидена во тој зафат. За ВМРО-ДПМНЕ се појави мала, неважна „компликација“ во планот заради „плебисцитарниот“ избор на нивната кандидатка за градоначалник во Скопје која има бугарски „произход“, а и македонско државјанство. По објавувањето на таа сторија, нејзината победа беше уште поголема во вториот, во однос на првиот круг на гласањето.

Така изгледа „средбата“ на локалната со националната и меѓународната политика во Северна Македонија. Тоа е трендот во кој политички ќе се движи државата по овие избори, охрабрен од голем број гласачи (од етнички македонски „произход“). Многумина од нив можеби со право мислеа дека гласаат за подобрување на градскиот превоз или за состојбата со депониите низ општините, но вистинската политичка агенда за „едно име имаме“ на оние кои ги изгласаа не издржа ни 24 часа за да „исплови“ на површината.

Што е право, таквиот правец го поддржува и Европската Унија, а ќе биде со привидна загриженост дочекан во Атина и Софија, кои веќе се радуваат на промената на политиката (а, наскоро, и на клучните актери) во земјава. Се чувствуваа многу некомотно под притисокот на агресивните добрососедски политики и практики на Заев. Сите тие, на чело со Брисел, имаат долга традиција и искуство што треба да прават со произведувањето и „замрзнувањето“ конфликти и непријателства на Балканот. Со појавата на Заев, почнаа да се однесуваат како „изгубени гуски во магла“, неподготвени да ги испорачаат своите формални ветувања за проширување на Унијата, чијашто лицемерност токму Северна Македонија ја тестираше во изминатите неколку години.

Тој притисок е сега симнат од нивниот дневен ред. Европскиот „брод“ и неговите регионални екстензии се враќаат во „мирните води“ на балканското пристаниште на закани и кавги, нон-пејпери, големо-државни платформи и други налудничави идеи. Нивните старо-нови локални партнери во Македонија ќе ги дочекаат со раширени раце во старото балканско јато.

Јасна е вината на СДСМ и на самиот Заев за ваквиот тек на настаните. Важната државна агенда дозволија да се искомпромитира и на локалните нивоа, во услови на апсолутна власт, а кои требаше да бидат „полесни“ за остварување на реформите, во поддршка на националниот интерес што го промовираа, застапуваа и бранеа. Наскоро социјалдемократите ќе бидат „аут“ од важните текови во државата во догледен период, а тој простор, особено во профилирањето на меѓуетничките односи, ќе го пополни македонската десница со сите свои помалку и повеќе радикални струи.

Бидејќи, македонската опозиција имаше одлична изборна кампања и локален изборен резултат, но не е суштински мрдната во реформирањето на своето разбирање за демократијата или за правната држава. Школата на Груевски и Орбан е доминантното разбирање за содржината на политиките, што најточно ја илустрираат „ку*овите“ од песните на „Царот на скопската бетонизација“ олицетворени во големата победа на изборите на градоначалникот на Карпош.

Имаше Македонија можност да се „одлепи“ од своето лошо минато. Впечаток е дека таа можност е загубена. Разочарани од сегашната власт, се вративме, отприлика, некаде околу 2013-2014 година, како резултат на слободниот, демократски избор на граѓаните. Чекор напред, два назад, е одлична инспирација за повторно будење на неисцрпните интелектуални потенцијали и ведрината на духот со кои располага ова променливо-депресивно општество.

Во тој потсмешлив контекст, да прашам, зошто два дена по победата на опозицијата во Скопје, повторно се вративме на листите на најзагадените градови во светот? И, до каде е набавката на неколку стотици нови автобуси? Не е белки да е поважна тројазичната табла на управата на градот со која треба да се означи крајот на Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија?!

 


Преземано од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Јубилејно 20. издание на ОФФест од 9 до 13 ноември

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk