ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано доаѓа во земјава

November 3, 2021 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Робер Спано, доаѓа во посета на земјава за да земе учество на регионалната конференција од висок профил на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, којашто ќе се одржи во Скопје на 5 ноември. Предвидено е на истата да учествуваат претставници од Владата на Република Северна Македонија, Европскиот суд за човекови права, судските и јавнообвинителските институции од земјите на Западен Балкан, како и академската заедница.

Конференцијата е организирана од Програмата за Западен Балкан на Центарот AIRE во соработка со Регионалната Антикорупциска иницијатива (РАИ) и Министерството за правда. Таа е дел од проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал во Западен Балкан преку зајакнување на регионалната соработка за поврат на имот“ поддржана од Владата на Велика Британија.

Повратот на имот е една од клучните антикорупциски мерки кои бараат зајакнување на законодавната рамка, институционалниот капацитет и регионалната соработка во Западен Балкан.

За време на неколкудневниот престој на судијата Спано на Северна Македонија ќе остари средба со министерот за правда Бојан Маричиќ кој е негов домаќин, дел од државниот врв и првите луѓе на правосудството.

Министерството за правда посвети посебно внимание на судската пракса на ЕСЧП, преку анализа и вградување на највисоките стандарди при изработката на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кој моментално е во собраниска процедура, а се однесуваат на конфискацијата и тортурата, како и при изработката на измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка, кои се во тек. Воедно, посебно внимание заслужува и новиот предлог Закон за Канцеларијата за поврат на имот, кој е подготвен и е доставен на мислење до сите надлежни институции.

Инаку, Конференцијата ќе ја отвори Г-а Билјана Брајтвејт Програмски Директор за Западен Балкан во AIRE Центарот, Г-н Љупчо Николовски Заменик Претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Г-н Бојан Маричиќ Министер за правда на Република Северна Македонија, Н.В Г-а Рејчел Галовеј Амбасадорка на Обединетото Кралство во Скопје, Г-а Беса Адеми Претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и Г-а Десислава Готскова Раководителка на Секретаријатот на РАИ.

Отворањето ќе биде проследено со главниот говор на судијата Роберт Спано, Претседател на Европскиот суд за човекови права.

Next Post

Министерство за економија: Уредбата за прогласување кризна состојба при недостиг на струја претставува усогласување со Законот за енергетикa

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk