ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Чадеж: Од наредната година Србија, Северна Македонија и Албанија со единствена работна дозвола

November 4, 2021 11:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу конкретни работи.

-Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата. Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата. Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите, , нагласи Чадеж пред денешната средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан и додаде дека иницијативата Отворен Балкан е клучна за опстанокот на економијата и работните места во Србија.

Тој најави дека на денешната средба ќе присуствуваат 22 компании од Србија, Албанија и Северна Македонија од различни области.

-Ќе има компании од секторите земјоделство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ова ни е потреба. Оние со кои разговараме денеска вработуваат 50.000 луѓе и се заинтересирани да продолжат понатаму. Сфатија дека оваа иницијатива навистина има смисла, истакна Чадеж.

Негова оценка е дека иницијативата опстојува иако премиерот Зоран Заев „го нема“ и Северна Македонија ќе ја претставува вицепремиерот Никола Димитров.

– Она што е добро од иницијативата е што администрациите учествуваат со полна сила. Имав можност да видам како се координираат и ние сме дел од тој координативен механизам за усогласување на сите договори – од работни дозволи до проток на стоки и навистина можете да видите колку јавната администрација во сите земји се обидува да направи што повеќе договори, рече Чадеж./МИА/.

Next Post

АФП: Оставката на Заев носи нова неизвесност на балканската политичка сцена

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk